петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Наука

Со арсен против леукемија

Научниците од шкотскиот универзитет Dundee откриле дека со арсенот може да се употреби за лекување на еден од облиците на леукемија.

Според податоците од истражувањето, објавени во стручното списание „Cell Biology“, лечењето со арсен може да биде делотворно кај пациентите со акутна промиелоцитна леукемија.

Според професорот Роналд Хеј, кој учествувал во истражувањето, откритието би можело да помогне во изнаоѓање на начин како овој отров да се примени при лекување на некои видови на рак.

„Со откривањето на специфичните молекули, успеавме да се насочиме кон создавање на делотворни лекови кои ќе помогнат во борбата против некои видови на рак, а притоа ќе се намали бројот на нус појави“, вели професор Хеј.

За сега тестирањата се вршат врз клетки од животинско потекло. Научниците со модификација на клетките, односно отстранување на одредени протеини откриле дека лекот кај овие клетки делува сосема поинаку. Исто така е утврдено дека арсенот им помага на некои видови на молекули (СУМО) да се спојат со протеините присутни при леукемија. Ензимот познат како RNF4 ги напаѓа СУМО молекулите и ги уништува протеините кои го предизвикуваат овој вид на леукемија.

„Откривањето на видот ма молекули кои учествуваат во овој процес, претставува чекор нанапред во разбирањето на овој комплексен парадокс, а тоа е на кој начин хемикалијата која го предизвикува ракот може да делува против истата болест?“ коментира доктор Лесли Вокер.

Според Вокер ова е големо научно сознание кое веројатно ќе придонесе за развој на лекови со кои успешно ќе се лечат одредени видови на леукемија.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Ужасни Photoshop грешки - прв дел фото галерија
Езеро во Аргентина ја крие тајната на животот во вселената?
Пакет за македонски јазичен интерфејс за Windows 7
Прв 3D фотоапарат кој снима и 3D видео записи  видео
MySpаce ќе се интегрира со Facebook
Иднината пристигна: Фустан и мобилен во едно
Gmail Priority Inbox ги сортира мејловите за вас видео
Пи на пет трилиони децимали?!
Во Ерусалим ископан украс стар 2.000 години
Нови фотографии на потонатиот „Титаник“
Диносаурусите изумреле од метеорити
Откриена тајната на генот на пченицата
Создаден домат кој не треба да се чува во фрижидер
Во Египет откриен град стар 3.500 години
Пронајдена палатата на Одисеј?!
Дарвин згрешил, најсилните не преживуваат
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи