Футурама / Наука
Права за растенијата
Швајцарските власти потврдинја во понеделникот дека растенијата од секој вид треба да се заштитат од неправеден третман и загадување. 
Извештајот на владино-назначениот Комитет за федерална етика на не-човечката биотехнологија (ECNH) го опиша односот со растенијата како “морално неодговорно“. Комитетот се бави со етичките погледи кон растенијата и со прашања за тоа како можат тие да бидат загрозени. Според пошироката перспектива, “сите акции кон растенијата кои се потребни за опстанокот на човекот се морално оправдани. Останатите, не се!“ Мнозинството во комитетот сметаат дека генетската модификација на растенијата не е контрадикторна на идеата за нивното “достоинство“ се додека таа не ги наруши адаптивните или репродуктивните капацитети на самото растение. ECNH комитетот е должен да претстави етичка перспектива на полето на не-човечката биотехнологија и генетска технологија и да развие предлози за принципите за достоинството на креациите. (Б.Т)
|