Футурама / Наука
Денот на Земјата
Што ќе правите кога ќе се разбудите на денот на Земјата на 22 април?
Секако мора да јадете банани, да пиете кафе одгледувано во ладовина, како и да користите бардак, односно грне за вода. После појадокот, размислете на кој начин можете да и помогнете на Планетата, како на пример да работите со локалните трговци за спречување на складирањето на пластичните кеси ( на кои им се потребни 1.000 години за целосно да се разложат), да научите повеќе за куќното чистење и токсичните материи и секако да помогнете во изградба на политичката поддршка за почесто пиење на вода. Постојат мали промени кои секој од нас може да ги воведе за да ја спасиме планетата, објаснил Џон Јавна, авторот на делото „50 едноставни работи за да ја зачувате Земјата“. „Се повеќе изумираат птиците - песнопојки, поради огромното користење на пестицидите, кои се користат на плантажите. 
Затоа кога луѓето купуваат органска храна, на пример бананите, на еден начин ја поддржувате агрикултурата, со што се одржуваат птиците - песнопојки, живи. Фармерите во тропските предели, не можат да ги заштитат животните, ако не можат да заработат за сопствениот опстанок. Кога купувате органска храна и храна кои фармерите ја произведуваат, тие пари автоматски се за фармерите, а вие индиректно помагате во спасување на планетата. Значи самите фармери се стимулирани да ги одржуваат дрвјата, од каде ја црпат сопствената егзистенција и храната за останатите луѓе“, додал Џон Јавна. (M.Ж)
|