Футурама / Наука
Студентите слаби во генетика
Според новата студија на Американското Здружение на Човечка Генетика, американските студенти имаат големо незнаење и погрешна концепција за генетските науки и гените воопшто.

Системските анализи се извршени на 500 од вкупно 2.443 есеи предадени од студентите во кои требало да одговорат на едно од трите поставени прашања.
Прашањата биле: 1.Што би изучувале и на што би работеле ако сте човечки генетичар? 2.Зошто сите би требало да знаеме по нешто за гените? 3.На кој начин знаењето за гените може да помогне за здравјето и во медицината воопшто?
Резултатите од есеите укажуваат на голем број неточности и погрешно сфатени работи.
Неточностите се однесуваат најчесто на верувањата дека самите гени се најголеми предизвикувачи на наследните болести.
Во практиката наследните гени се само еден од факторите за болеста покрај многуте влијанија од околината и останатите генетски фактори кои се различни од предходникот болесник.
Според податоците, нејаснотиите кои ги имаат студентите ќе претставуваат кочница за нивното понатамошно учење.
За таа цел Здружението ќе спроведе нова студија во која ќе се разработуваат педагошките стратегии кои се најефективни за пренесување на знаењето кон студентите.
(Б.Т)
|