Футурама / Наука
Големината сепак е важна
Американските научници докажале дека големината на мозокот има значајна улога во справувањето со Алџхајмеровата болест. Веќе подолго е познато дека некои луѓе умираат со бистар ум и совршена меморија иако ги имаат сите карактеристики на Алџхајморовата болест.
Новото истражување покажало дека кај тие луѓе еден дел од мозокот е поголем, во споредба со другите заболени. Станува збор за хипоталамусот.
„Поголемиот хипоталамус ги чува луѓето од Алцхајмеровата болест и сличните дегенеративни промени на мозокот. Се надеваме дека со текот на времето овие сознанија ќе ни помогнат во изнаоѓање на стратегија за превенција од овие промени“, вели др. Дениз Ертен Лионс од „Oregon Health and Science“ универзитетот во Портланд.
Истражувачите откриле дека испитаниците кај кои когнитивни способности се подобро зачувани имаат за 20 отсто поголем хипоталамус, во споредба со другите испитаници кои боледуваат од Алцхајмерова деменција.
Освен големината на хипоталамусот, меѓу двете групи на испитаници не се пронајдени други демографски, клинички или патолошки разлики.
(Д.Т)
|