
|
 |
Футурама / Наука
Нивото на морињата ќе порасне за 1,5 метар до 2100 година
Нивото на светските мориња веројатно ќе порасне побрзо одошто предвиде климатската комисија на ОН, и може да загрози милиони луѓе во земјите во развој, објавија научници од Виена. Порастот најмногу се должи на топењето на светските глечери кое е побрзо одошто претходно предвидено, рекоа геолозите кои говореа на годишниот состанок на Унијата на европски геонауки (ЕГУ) во Виена.
Статистичката реконструкција на нивото на морињата во последните 2000 години покажа дека иако во последните два милениуми нивото останало стабилно во рамките на 20 см, тие пак може да се очекува да пораснат за 0,8 до 1,5 метри до 2100, рече Светлана Јеврејева од британската океанографска лабораторија Праудмен. Тие проекции, кои се за трипати поголеми од проценките објавени од Меѓувладината комисија за климатски промени на ОН (ИПЦЦ), веројатно ќе изнервираат некои научници.
"Проценките на ИПЦЦ се сметаат за конзервативни во научната заедница", рече Сајмон Холгејт од Праудмен. Во 2007 ИПЦЦ заедно со Ал Гор ја доби Нобеловата награда за мир.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|