Футурама / Наука
Глечерите се топат
Според последните две-неделни истражувања на научниците од канадскиот универзитет Трент, откриено е дека најфолемиот глечер во Северната Хемисфера е скоро поделен на три дела.

При патролирањето од 18км мрежа на пукнатини во пределот помеѓу јужниот дел на Ward Hunt глечерот и Арктичкиот океан (Северен-леден), тие увидоа дека пукнатините кои се прв пат забележани во 2002 година се многу повеќе отворени и дека за неколку години целиот глечер ќе се подели во три самостојни дела кои понатаму со уште позабрзано темпо ќе се растопуваат.
Патролата извршила мерење и на глечерот со име Петерсен кој изгубил една третина од својата големина во период од 3 години.
Топењето на глечерите е резултат на неповратното земјино затоплување кое се заканува со поголем интензитет во иднина.
Само пет големи санти лед се останати во Арктичкиот дел над Канада кои зафаќаат вкупна површина од само една десетина од тоа што зафаќале пред еден век.
(Б.Т)
|