
|
 |
Футурама / Наука
Салото создава ново сало
Масното ткиво сместено во пределот на абдоменот произведува хормон кој го поттикнува дополнителното таложење на вишокот килограми, откриле канадските научници.
Станува збор за хормонот наречен NPY (neuropeptid Y) кој по излачувањето од масното ткиво од абдоменот доведува до развој на клетки кои подоцна се претвораат во нови масни клетки.
Исто така, познато е дека зголеменото ниво на NPY придонесува постојано да се чувствувате гладни, велат научниците од универзитетот од Вестерн Онтарио во стручниот магазин „Federation of American Societies of Experimental Biology“.
Постарите истражувања покажале дека масните наслаги во пределот на абдоменот директно се поврзани со зголемениот ризик од срцеви заболувања, дијабетис од типот 2, зголемен крвен притисок и некои облици на рак.
Научниците веруваат дека NPY претставува идеална мета за терапии кои се однесуваат со проблемот со прекумерната тежина.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|