Футурама / Наука
Пирамидите од бетон?
Научниците имаат нова теорија која би ја разрешила мистеријата за тоа како се настанати пирамидите, а тоа е дека тие се направени од бетон.

Лин Хобс, професор за науки за материјали од МИТ изјавила дека има шанса античките Египјани да ги имаат направено блоковите на пирамидите од синтетички материјал наместо да ги издлабиле од масивни карпи.
Научниците досега докажале дека старите римјани биле први кои користеле бетон во своите градби, но не ја исклучуваат можноста и египјаните да го правеле истото, дури и порано од нив.
Студентите во МИТ моментално работат на скалест модел на пирамида која е направена од вар, парчиња од карпи, глина, кварц и други природни пустински соли. Целта е да се види дали таквата градба ќе ги има истите функции како старите пирамиди и дали ќе може теоретски да ги издржи сите временски влијанија кои ги имаат издржано пирамидите.
Археолозите тврдат дека нема никаков доказ кој укажува дека пирамидите се направени од синтетички материјали.
Лин Хобс, од друга страна пак, вели дека теоријата која таа ја застапува постои од 1980-тите години и е првпат претставена од францускиот инжинер Џозеф Давидовиц .
Истата теорија би докажала дека старите египјани биле и одлични научници кои знаеле како да го користат потенцијалот на разновидните материјали како и одлични цивилни инженери.
(Б.Т)
|