Футурама / Наука
Мозочна контрола на роботи
Истражувачите од Осака Универзитетот се во процес на развивање на роботски делови кои може да се контролираат преку човечки ум.
Истражувањето се базира на поставени електрични чипови директно на површината на мозокот преку операција на отворен череп.

Целта на проектот е да се развијат првите роботски нозе и раце за луѓето без екстремитети.
Истражувачите веќе имаат пополнето апликација за нивната намена до етичките здравствени тела и се во исчекување на субјект кој доброволно би се пријавил да му вградат мозочни електори.
Досега, тимот има работено со 4 субјекти на кои само им ги снимал мозочните бранови кој се испуштаат при помрднувањето на рацете, лактите и прстите.
Мозочните бранови може да се мерат однадвор, но сепак, за подобри и поточни информации потребно е внатрешно следење на истите.
Операцијата не вклучува оштетување на мозочната кора туку само поставување на чипот врз неа во близина на примарниот моторен дел на мозокот.
Досегашните субјекти дале околу 80% од потребното знаење кое е потребно, но научниците не се задоволуваат без останатите 20% кои сметаат дека ќе им помогнат да ја остварат својата цел.
Роботските раце и нозе се веќе произведени од Универзитетот во Токио во секторот на Високо-технолошкото инженерство.
(Б.Т)
|