сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Футурама / Наука

Вампирите постојат

Легендите за вампирите, популарни помеѓу фановите на готичкиот стил, имаат реална основа.

Луѓе кои се плашат од светлината, имаат жолти тесни и долги заби, нокти како на животно и кои се алергични на лук -  навистина постојат, а да не се спомнуваат оние кои често носат црна облека и накит со готски стил дури и оние кои вештачки имплантираат “вампирски“ заби и гризаат стари лица додека се “хај“.

Фактот дека доста старици се гризнати, не е мит.
Во Калининград еден тинејџер има убиено двајца пензионери при специјална вампирска церемонија.
Најзлобниот настан се случил во Велика Британија пред 4 години кога 17-годишен тинејџер ја закла својата сосетка, и го извади срцето и ја испи целата нејзина крв верувајќи дека ќе стане бесмртен.

Скоро секоја нација има легенди за вампири кои ги ловат луѓето во ноќта и им ја пијат крвта. Во овие легенди вампирите се претставени како зли суштества, без срце и наполу изгниени.

Словенскиот народ има верување дека ако се фрли пченка над гробот на вампирот, тој нема да излезе бидејќи цела вечер ќе ги брои зрната.

Но, сликата за вампирите е изменета. Денес тие претставуваат енигматични, секси суперѕвезди кои ги имаат задржано само основните карактеристики.

Во Средниот век легендата за вампирите била надополнета со информацијата дека тие се плашат од Света Вода и Крст.
Тоа остана како мит се до 1963 кога Британскиот доктор Ли изјави дека вампирот-врколак не е ништо повеќе од жртва на генетска патологија – порпирија.

Ова е ретка болест (1 на 20.000 луѓе) се карактеризира со скоро никакво лачење на црвени крвни зрнца, а како резултат на  тоа и со мала оксидација на крвта и намалена количина на железо која доведува до распаѓање на хемоглобинот при изложеност на Сонце.

На кожата се манифестира преку големи чирови и црвенила, дури и со деформација на кожата.
Прстите се згрчуваат, устата станува сува и се повлекува со што непцата стануваат видливи и жолти.

Лукот, кој стимулира емисија на црвени крвни зрнца кај здрав човек, предизвикува влошување на симптомите кај луѓето со оваа болест паралелно со јаки болки кој предизвикуваат и ментална нестабилност.

Ако ги соберете сите предходни симптоми ќе добиете иста слика како што се претставени вампирите во филмовите.

Во Франција во 17-тиот век, 30 илјади луѓе биле прогласени за врколаци поради поседувањето на оваа болест и на крај обесени, а некои од нив и набодени на кол.

Порпиријата не е инфективна, само наследна болест. Ако еден од родителите ја поседува, шансата за детето да ја прифати се 25%.

Причина за болеста може да биде: Хепатит Ц, инцест или пак претерано консумирање на алкохол.

Во средниот  век болеста била лечена со помош на крв (од таму и пиењето крв од страна на вампирите), иако било бесцелно поради тоа што болката не се намалувала.

Денес, лек за ова болест сеуште нема.

(Б.Т)




Наjновo од Футурама
Летачки аларм
Зошто медот се лепи на лажицата
HP 2133 XP доби цена
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Модерен моноцикл
Пронајдена палатата на кралицата на Саба
Патот на среќата минува низ левото уво
Родителите и агресивните игри
Анти-радарска боја
Конструктивно и деструктивно користење на фантазијата
Се затвора фабриката за идеи на НАСА
Вампирите постојат
Студентите слаби во генетика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи