Футурама / Наука
Се затвора фабриката за идеи на НАСА НИАК беше извор на најодважните идеи кои можеше да ги замисли човечката фантазија, модерниот научен ум
Покрај големиот полувековен љубилеј на НАСА, што се слави годинава, помалку во сенка остана нејзиниот наинтересен и најкреативен дел - имено во речиси 20 години нејзиниот научен институт Ниак на терен го оствари сето она со што НАСА денеска го слави своето присуство во вселената.
Ниак беше извор на најодважните идеи кои човечката фантазија можеше да ги замисли, модерниот научен ум.
Се присетуваме на вселенскиот кран кој луѓето го пренесуваше во вселената, проектот што пред неколку години беше популаризиран како футуристичкиот пробив во вселенските истражувања. Освен тоа, стручњаците на Ниак предвидеоа редица необични проекти, како претпоставка на човековото идно населување на вселената - од житарици кои можат да успеваат на Марс и оклопот кој ќе ја заштити нашата планета од глобалното затоплување, до неодамна создадениот „Месикоптер“- хеликоптер со широчина од еден сантиметар, што го конструираа стручњаците на Стандфорд, а служи за следење на времето.
Снимателот на новите светови е конструиран на универзитетот во Колорадо и ги снима планетите надвор од Сончевиот систем со помош на блокирање на светлоста на ѕвездите со ѕвездени очила.
Во лабораториите на Ниак се изработени „шпиљите на Марс“, проект за трагање по сигурни места за базата на Срвената планета за конструирање модули на дување во кои на Марс би живееле истражувачите. Потоа, тука се и „вибрирачките“ роботи направени за истражување на други планети, а антиматериското јадро е погонско стредство за истражување на длабоката вселена. Тука се уште и летачките и ползечките роботи за истражување на нови терени....
Но, за жал, поради големите организациски и финансиски промени во НАСА, се чини институтот на НАСА за напредни идеи (Ниак) ќе згасне како жртва на вообичаениот, но и бизарен проблем- недостаток од пари.
Американската вселенска агенција ја затвора својата фабрика за идеи во рамки на намалувањето на трошоците, за, од друга страна, да има повеќе пари за амбициозните истражувачки мисии на Месецот и на Марс, што претставува американски вселенски императив во овој момент. Многу научници на НАСА кои работеле на институтот Ниак ја сметаат ваквата одлука за непотребна и далекусежно опасна за продолжување на американскиот проект за истражување на вселената.
Ниак е формиран во 1988 година како место за настанување на револуционерни идеи кои се дури и над сето она што НАСА го прави во моментов. Институтот досега секоја година добиваше четири милиони долари од буџетот на НАСА, кој изнесува 16 милијарди долари и финансира десетина долгорочни проекти, чии идеи ќе се реализираат во следните 10 до 40 години.
Институтот најмногу беше заинтересиран за големите визии и идеи кои можат да ја инспирираат технологијата- и на научниците традиционално им се говореше да не се оптоваруваат со она што може да се оствари денеска, туку да мечтаат за иднината. Така и беше со години.
И покрај укинувањето на парите, Ниак поттикна неколку сјајни идеи кои ги презема НАСА и кои и натаму ќе се развиваат. Во поново време Агенцијата е заинтересирана за проектот на Ниак наречен „снимател на новите светови“- вселенска сонда конструирана за снимање на планетите надвор од Сончевиот систем. таквото снимање е тешко, бидејќи светлото што доаѓа од планетите е затскриено од ѕвездите. За тоа да се избегне , научниците на универзитетот во Колорадо осмислија голема камера која е составена од чифт летала и колектор. Овие вселенски „очила“ со десетметарска дупка во средината ќе бидат на повеќе од 12.000 километри подалеку од колекторот, со шо ќе го блокираат светењето на ѕвездите.
Еден од многу интригантните проекти на Ниак беше и оној што требаше да го пронајде начинот на одгледување храна на другите планети. Инспирирани од организмите кои живеат во најекстремни услови на Земјата, научниците предвидоа генетски модифицирани растенија , како што се ражите. Теоретски, космонаутите на долгите мисии би можеле да понесат генетски модифицирани семиња место храна.
Многу од проектите на Ниак припаѓаат на царството на научната фантастика. Славниот вселенски кран кој поевтино ќе ги пренесува луѓето во вселената, како идеја во 1978 година прв го предложи славнииот автор Артур Кларк во својот роман „Рајски фонтани“. Во предлогот на Ниак, кабел од Земјата би бил прицврстен за сателит во орбитата. Меѓутоа, никој се уште не ја произведе материјал што е доволно цврст за работа на кранот.
Но, сега е најважно, мислат стручњаците, на научниците од институтот на Ниак да им се обезбедат механизми за натамошно размислување за радикланите идеи.
НАСА од 2004 година ги реорганизира своите активности за да ја плати потребната технологија за да ги оствари плановите за враќање на човекот на Месецот и заминувањето на Марс. Плановите вклучуваат развој на ново истражувачко возило Орион обликувано како вселенската капусла Аполо, последен пат користена во 1972 година, но сега три пати поголема. Орион треба да ги замени вселенските летала и двете нови ракети Арес 1, кои во вселената ќе ги превезува космонаутите одвоено од опремата.
НАСА за 300 милиони долари го намали финансирањето на Меѓународната вселенска станица, а многу роботички истражувања се откажани или прекинати на неодредено време, и тоа се поради недостиг од средства. Постои надеж дека стручњаците на Ниак, и покрај формалното укинување на нивниот институт, сепак, ќе можат и натаму, непречени со паричните ограничувања, на практичен начин ќе можат да ги остваруваат своите футуристички сништа...
Вјесник
|