
|
 |
Футурама / Наука
Конструктивно и деструктивно користење на фантазијата
Фантазијата е експанзивна моќ во животот на една личност - таа може да досегне подалеку од луѓето кои се непосредно присутни од средината и збиднувањата во кои личноста се наоѓа.
Фантазирањето може да нe охрабри, да не издигне, но истовремено може да доведе до отуѓување од реалноста при што причините најчесто се наши катастрофични искуства, компензација на празнина во која создаваме рај од идеали и идни очекувања, презирајќи ја реалноста во која живееме и страдаме, а сепак не правејќи ништо повеќе да ја измениме.
Луѓето често играат разни деструктивни игри во сопствените глави:
1. Фантазија за несреќа - луѓето често се измачуваат со мисли колку би било страшно доколку им изгори куќата, ако страдаат децата, ако падне на испит итн.
2. Играта “Само да имав“ - често се измачувате себеси со свртување кон минатото, жалејќи за с¢ што сте направиле или не сте направиле:
- да не се оженев...
- да не го напуштев училиштето... итн.
3. Играта “Укажување со прст кон другиот“ - другите се... безобѕирни, нечесни, сурови... итн.
4. Игра на предвидување на иднината
- Ако не го направам тоа, ќе се случи ова... - всушност ние се обидуваме да ја предвидиме иднината, интересно е што ние предвидуваме несреќа во секој случај. Најчесто ги користиме овие сомнителни предвидувања како изговор да не преземеме ништо.
5. Игра на обвинување
- Кога ти би се изменил.... ние би....
Заедничко за сите начини на самосожалување е развој на негативни чувства, изгубено време и насочување кон минатото или иднината наместо кон сегашноста. Стравот од иднината и оплакувањето на минатото се два здружени облика кои ја замрачуваат сончевата светлост на сегашната среќа.
“Вие сте одговорни за своите визуелизации“ Многу е битно да сме свесни дека сите ние сме одговорни за претставите, т.е. визуелизациите кои ги создаваме во својата глава.
Вежба за демонстрирање визуелизација:

За оваа вежба можете да легнете, затворете ги очите... Концентрирајте се на дишењето додека не вдишете и издишете воздух неколку пати...
Сега визуелизирајте големо платно, празно и бело платно... Потоа визуелизирајте цвет на платното, каков било цвет.... Потоа тргнете го тој цвет и заменете го со бела роза... потоа заменете ја белата роза со црвена...
Потоа тргнете ја розата и визуелизирајте ја собата во која се наоѓате... нејзиниот мебел, боја, уредување... итн.
Ако ова е ваш прв обид на ваква вежба можеби нема да можете да ги постигнете сите нејзини ефекти. Меѓутоа претпоставуваме дека успеавте да видите празно платно, да направите цвет и да ја визуелизирате сегашната средина.
Ова може да ви биде доволен доказ дека вие сте одговорни за претставите кои ги создавате. Затоа, ако некогаш се фатите да гледате ментални слики кои ве вознемируваат, сфатете дека вие сте одговорни за нив. Вие сте ги создале и само вие можете да ги замените со нови и пријатни претстави.
Затоа, ако сте депресивни, замислете како би се чувствувале и што би правеле ако не сте депресивни.
Ако се чувствувате немоќни, замислете како би изгледале ако сте силни. Ако сте заморени, стапете во контакт со оној дел од вас што никогаш не се заморува. Замислете се себеси како енергична личност.
Всушност, ние сме таму каде што сакаме да сме, правиме што сакаме да правиме дури и кога тоа е еднакво на очигледна трагедија.
Затоа, прифатете ја одговорноста за своите мисли, чувства, емоции и постапки. Обидете се да се видите онакви какви што сте, без анализирање. Промената не се случува со примена на принуда, убедување или со увид. Промената настанува кога човек, барем за миг, го напушта она што сакал да биде и се обидува да биде она што е.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|