Футурама / Наука
Патот на среќата минува низ левото уво

Доколку некому сакате да му кажете дека го сакате, најдобро е нежните зборови да му ги шепнете на левото уво. Научниците утврдиле дека луѓето подобро ги паметат изјавите на љубов, шегите и зборовите на љубениот доколку ги слушнат низ левото уво, додека упатствата и не емоционалните пораки најлесно се помнат ако се регистрираат низ десното уво.
Мозокот е поделен на две хемисфери, левата задолжена за обработка на логичките податоци додека десната е задолжена за имагинација и чувства. Токму оваа поделба, сметаат научниците е објаснувањето зошто пораките кои содржат изрази на љубов оставаат силев впечаток доколку се чуени од лева страна.

Иако левата и десната страна на мозокот се со слична структура, тие сепак поседуваат специјализирани функции. Левата страна на мозокот е подоминантна и се базира на логика, додека десната страна на мозокот е покреативна, поемотивна и задолжена за процесите не мечтаење.
Десната страна на мозокот ја контролира левата страна на телото и научниците покажале дека левото уво е дел од патот низ кои минуваат емоциите до мозокот, додека десното уво е наменето за информации поврзани со логиката.
Научниците исто така утврдиле дека десното око подобро продуцира бои, дека десното стапало повеќе реагира на скокот. Најдобро е да го бакнете левиот образ на лицето во кое сте вљубени, додека новороденчињата најдобро е да ги држите припиени кон левата страна на телото.
(Д.Т)
|