сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Футурама / Наука

Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката

Германските научници веќе подолго време работат на производство на синтетички медикаменти, кои целно делуваат врз клетките на туморот, без притоа да го оштетат здравото ткиво

„Особено сензационални беа успесите кај пациентки на кои ракот им беше рано дијагностициран. Овие пациентки денес како и порано се оперираат, се зрачат и добиваат хемо терапија. И покрај овие мерки голем процент од нив во наредните 7 години повторно добива метастази. Денес по едно прецизно истражување знаеме дека доколку пациентките дополнително го добиваат лекот Херцептин шансите за излекување им се двојно поголеми. Доколку се знае дека метастазите не се лечат можете да заклучите дека животот на половина од овие жени на овој начин се спасува.“

Професор Др. Клаус Штрајн го води научниот оддел на Рохе Диагностикс во Пенцберг во Северна Баварија. Тој и неговите колеги особено ги користат сознанијата на биотехнологијата кога развиваат нови медикаменти против рак. Со ново развиениот лек Херцептин Клаус Штрајн се надева дека ќе може да спаси една четвртина или една третина од пациентките, а наскоро и уште поголем процент од пациентките со рак на дојката.

Новиот лек треба да спаси една третина од заболените

„Пациентките, кои во клетките на туморот го имаат рецепторот ХЕР2, без терапија со Херцептин имаат осбено лоши прогнози. Но сосема оправдано е прашањето, што е со останатите 75 до 80% од пациентите? Доколку се јават метастази, во моментов не постои друга терапија освен зрачење и хемотерапија. Но, во овие случаји се развиваат лекови. Постојат податоци дека тука успешно може да се примени и лекот Авастин.“

Авастинот е исто така лек што се користи против ракот

Авастинот е друго моноклонарно антитело кое што го спречува развивањето на крвни клетки во туморот. Но што мислат лекарите за овие лекови? Проф. Др. Волфганг Ајерман од гинеколошката клиника Црвен Крст од Минхен, во Херцептинот гледа лек со кој за првпат се нуди шанса потполно да се излечат жените кои имаат агресивен рак на дојките:

„Првата пациентка на овој начин ја лекувавме во 1995 година. Таа беше постара пациентка со карцином на едната градат во краен стадиум. За среќа имаше многу голема концентрација на антигенот ХЕР2 во ќелиите на туморот. Со тоа беше перфектен кандидат за терапија со Херцептин. Бевме многу скептични, бидејќи методата беше многу нова и немавме искуства со неа. Кај пациентката туморот потполно исчезна за три недели.“

На ова поле и понатаму интензивно се истражува

Има многу важни прашања што сеуште не се одговорени, на пример: времетраењето на терапијата, комбинации со други терапии и лекови или пак спроведување на клинички студии на оваа тема:

„Во моментов подготвуваме студија каде ќе се споредува хемотерапија со Херцептин и Авастин. Можно е комбинацијата од овие два лека уште повеќе да го зголеми дејството.“

Професорката Надиа Харбек од гинеколошката клиниката на техничкиот универзитет во Минхен го потврдува дејството на синтетичките медикаменти. Таа е воодушевена од резултатите:

„Трастуцумаб е пробив во терапијата на рак на градите бидејќи за првпат ни овозможува прецизно да се бориме против туморот. Тоа функционира на принципот клуч-брава. Доколку туморот ја има бравата, односно рецепторот ХЕР2 на неговата површина, тогаш одговара и клучот, односно антителото Трастцумаб. Тоа е околу една четвртина или една петина од вкупниот бој заболени од рак.“

За жал, Херцпетинот не може да им помогне на сите заболени

Причината за вакво нешто е едноставно затоа што клетките на туморот не го содржат рецепторот ХЕР2.

Но, научниците интензивно работат и на овој проблем, затоа шансите за откривање на лек се големи:

„Од пред една година постои антителото Бевацизумаб, кое би требало да дејствува кај тумори без ХЕР2. Ова антитело можеме да го применуваме кај развиени стадиуми на рак , а во моментов се проверува во студии низ целиот свет.“

Без разлика дали лековите се користат во комбинација со операција, зрачење или хемотерапија, ниту една терапија на рак денес не може да се замисли без синтетичките медикаменти.


Наjновo од Футурама
Летачки аларм
Зошто медот се лепи на лажицата
HP 2133 XP доби цена
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Модерен моноцикл
Пронајдена палатата на кралицата на Саба
Патот на среќата минува низ левото уво
Родителите и агресивните игри
Анти-радарска боја
Конструктивно и деструктивно користење на фантазијата
Се затвора фабриката за идеи на НАСА
Вампирите постојат
Студентите слаби во генетика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи