Футурама / Наука
Зошто медот се лепи на лажицата
Начинот на кој молекулите во медот се движат е исто како автомобили во градска гужва. Молекулите (колите) може да сменат сообраќајна лента но не се движат брзо нанапред.
Полемиката за тоа зошто медот е толку леплив, сега се разреши. Изгледа дека двете страни со сопствени мислења биле во право.
Шеќерните молекули го, и не го, забавуваат движењето на водата во оваа слатка течност, во зависност која страна на научници ќе ја прашате.
Медот и сите останати сирупи се во основа вода која содржи висока концентрација на шеќери. Едните истражувачи велат дека ваквите течности се лепливи поради шеќерните молекули кој го забавуваат движењето на водените молекули. Но, другата страна вели дека нема доказ за ова тврдење.
Глен Хефтер, австралиски професор, заедно со неговите колеги, со цел да ја преќинат расправијата на оваа тема, наместо шеќер во вода, тие растворија сол во неа за кој сметаат дека се однесува слично но е полесен за проучување.
Истражувањето се базираше на проверка на два типа на движење на растворите: обичното движење (од точка А до точка Б) и ротационо движење (вртење околу својата оска). Резултатот беше дека во сирупестите ситуации, движењето од точката А до точката Б било забавено, но ротационото движење не било променето.
Контрадикторните пронајдоци во истражувањето воопшто не се контрадикторни, туку дека тие се резултат на различните видови на мерење на движењата. Во зависност од тоа што ќе биде предметот на мерење, обичното или ротационото движење, секогаш едната страна ќе победува.
Затоа, двете страни се во право.
(Б.Т)
|