понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Футурама / Наука

Ватикан одобрува верување во вонземјани
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството

Христијаните можат да „прифатат“ постоење на други светови и други облици на живот дури и оние многу поразвиени од нашиот, а при тоа да не ја доведат во прашање верата во Бога, изјави главниот астроном на Ватикан таткото Хосе Габријел Фунес

Верувањето во вонземјани не е во спротивност со христијанството, оцени главниот астроном на Ватикан, отец Хозе Габриел Фунес.

Во интервју под насловот „Вонземјанинот - мој брат“, објавено во ватиканскиот дневник „Осерваторе Романо“, Фунес истакна дека „е можно истовремено да се верува во Бога и во вонземјаните“.

Големината на вселената, со стотици милијарди галаксии и трилиони ѕвезди, значи дека може да постојат и други форми на живот надвор од Земјата, вклучувајќи и интелигентни, оцени језуитскиот свештеник од Аргентина.

Христијаните можат да „прифатат постоење на други светови и други форми на живот дури и оние многу поразвиени од нашиот, а при тоа да не ја доведат во прашање вербата во Бога, во инкарнацијата (Господ како човек низ Исус Христос) и во спасението на човештвото“, смета Фунес.

- Како можеме да ја исклучиме можноста дека се развил живот и некаде на друго место? Како што постојат многу животни на Земјата, така исто може да постојат и други живи битија, па и интелигентни - битија кои ги створил Господ. Ова не се коси со нашата вера, бидејќи ние не можеме да поставуваме граници на божјата слобода на создавање, рече тој.

Фунес, кој се наоѓа на чело на Спеколе - вселенска опсерваторија на Ватикан, исто изјави, наспроти фактот дека многу астрономи „јавно проповедаат атеизам“, астрономијата не заговара свет без Бога.

- Всушност, оние кои работат во нашата опсерваторија најдобро сведочат дека е можно да се верува во Бога и да се занимава со серизен научен труд, подвлече Фунес.

Тој истакна дека, „ако земските битија ги сметаме за наши браќа и сестри, тогаш можеме и вонземјаните да ги сметаме за браќа“.

- Ако постојат и тие се дело на Бога, додаде тој.

Во интервјуто објавено на цела страна, Фунес го изнесе своето видување за односот на Римокатоличката црква и науката како теолошки импликации на евентуално постоење на живот во вселената.

Тој оцени дека Исус Христос не ги посетил вонземјаните, бидејќи неговата „инкаранција била единствен и неповторлив настан“, но изрази уверување дека и тие други интелигенции „на некој начин имале можност да ја почуствуваат добрината на божјата милост“.

Фунес изјави дека науката, во прв ред астрономијата, не се спротивставува на верата, со што ги допре темите со кои често се бави папата Бенедикт Шеснаестти, кој испитувањето на односот меѓу верата и разумот го направи еден од клучните аспекти во текот на својот папскит мандат.

Ватиканската опсерваторија е формирана 1891 година од страна на папата Лав Транаесетти и таа се наоѓа во дворецот „Гандолф“, каде е летната резиденција на папата.

Опсерваторија е позната по многу успешни проекти и по една од најдобрите светски колекции на метеорити, а астрономите истражувањата ги спроведуваат и во опсерваторијата при „Универзитетот на Аризона“ во Тусон, САД.

Фунес изјави дека опсерваторијата на Ватикан има намера за една година да отвори ново седиште во манастир во близина на Албано, град кој се наоѓа јужно од Рим.

Опсерваторијата на Ватикан работи и во САД, каде има телескоп со висина од 1,8 метри на врвот Маунт Грејем во близина на Сафорд во Аризона.

Ова не е прв пат Римокатоличката црква да зборува за можно постоење на вонземјани. Римокатоличкото друштво на вистината во 2005 година објави акт во кој беше наведено дека „во вселената веројатно постои интелигентен живот, а во Библијата постојат докази дека вонземјаните може да се христијани“.

Службеното гласило на Ватикан тогаш објави текст во кој папскиот астроном Ги Консолмањо изјави дека „порано или подоцна луѓето ќе откријат други интелигентни живи суштества во вселената“.

Тој додаде дека можеби и греши, но „на толку билиони планети сигурно некаде мора да има цивилизирани разумни живи суштества“, за потоа да го цитира Евангелието на Иван и потврди дека вонземјаните ги спасил Христос.

(Танјуг)




Наjновo од Футурама
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството
Аутизамот и музиката
Информацијата може да помине низ црната дупка
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung OLED лаптоп
Робот диригент
Фенси струјна раздвојница
Зошто медот се лепи на лажицата
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Пронајдена палатата на кралицата на Саба
Патот на среќата минува низ левото уво
Родителите и агресивните игри
Анти-радарска боја
Конструктивно и деструктивно користење на фантазијата
Се затвора фабриката за идеи на НАСА
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи