Футурама / Наука
Ненаспаните луѓе се преценуваат

Ненаспаните луѓе честопати предизвикуваат различни несреќи, особено во сообраќајот, бидејќи ги преценуваат своите способности, покажало истражувањето кое го спроведе Универзитетот Дјук.
Доколку е лишен од сон, мозокот за момент се фокусира и речиси нормално функционира, и во тој период неговиот сопственик брзо ги извршува зададените задачи. Но, веднаш потоа следи период на особено лоша концентрација, која се карактеризира со слаби рефлекси и слаба моќ на забележување.
Недостатокот на сон најмногу ги погодува возачите и луѓето кои работат во трета смена, бидејќи ќе мора да влошат екстра напори за да ја одржат концентрацијата неопходна за нормално функционирање, се наведува во студијата.
(Д.Т)
|