вторник, 10.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Футурама / Наука

Збогум ќелавост

Проблемот со ќелавоста, кој ги мачи милиони мажи и жени за пет години би можел да биде решен. Сите повторно ќе може да имаат бујни и виткани коси бидејќи научниците до тогаш ќе ја усовршат техниката за клонирање на коса во лабораторија.

Британски тим на научници успешно ја тестирал револуционерната терапија, позната како фоликуларна имплантација врз луѓе.

На пациентите им се земаат ќелии кои се одговорни за растот на влакната, кои подоцна се мултиплицираат во лабораторија до количина од неколку милиони, а потоа им се всадуваат во скалпот. Всадените ќелии го стимулираат производството на нови фоликули на влакната, или пак предизвикуваат процес на подмладување на постојните кои престанале да произведуваат влакна.

„Најважно од се е што ќелиската терапија овозможува неограничено производство на  коса. На тој начин може да се помогне не само на несреќните ќелавковци, туку и на луѓето кои настрадале во пожар, како и на оние кои ја изгубиле косата како последица на терапијата против рак. Досегашните резултати покажале дека најмалку две третини од пациентите по шест месеци терапија имаат многу повеќе коса, односно четири од пет пациенти, ако им се стимулира растот на косата со абразија, стружење или вадење на површинските делови на скалпот“, изјавил Бесан Фарјо, претседател на Меѓународното здружение на хирурзи за обнова на косата, кој воедно и раководел со истражувањето.

Новата терапија минатата недела е претставена на конференцијата во Рим, а британската влада одлучи да го потпомогне научниот тим со 1,9 милиони фунти. Техниката која ја развија компанијата „Intercytex“ од Манчестер е една од многуте во светот кои бараат лек за ќелавоста.

„Во рок од осум недела во состојба сме да произведеме милиони ќелии, што значи дека доволно ни се само стотина основни ќелии за илјада нови влакна“, изјавил Бесан Фарјо.

Статистичките податоци покажуваат дека 40 отсто од мажите постари од 50 години страдаат од некој вид на ќелавост. За да со новата техника им се врати косата на екстремно ќелавите лица потребни се повеќе од 1.000 мали бодежи во скалпот. И покрај оваа бројка, сепак методата е помалку инвазивна од актуелната техника на пресадување на коса.

Тимот на доктор Фарјо исто така ги комбинира ќелиите од кои растат влакната со кератиноцити со ќелиите кои произведуваат кератин, материјалот од кој е направено влакното. Тие се надеваат дека ќе можат да одгледаат вистинска коса и потоа да ја пресадат, а со тоа да ја надминат нивната сегашната техника на одгледување на ќелии, па нивно всадување во скалпот на пациентите.

Научниците од САД, Италија и Јапонија исто така работат на можност за клонирање на коса, третман кој според нив би можел да чини и до 5.000 евра.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Топ 5 анти-вируси
Глобалното затоплување наскоро ќе го земе својот данок
Збогум ќелавост
Соларен мобилен телефон
Дијамантите се засекогаш – зошто не и лаптопите
Moonstream Mars ровер
НАСА планира нова амбициозна соларна мисија
Откриена бактерија што го штити амфибиите
Ненаспаните луѓе се преценуваат
Сивата мозочна маса променета после 9/11
Во челуста на смртта
Преживеала 120.000 години во глечер!?
Најчудните животни во светот фото галерија
Зошто мобилните и возењето не се спојуваат?
Откриено племе изгубено во времето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи