вторник, 17.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Наука

Топењето на мразот на Арктикот ги тера поларните мечки кон Исланд

Една поларна мечка денеска се појави на брегот на Исланд. Белата мечка веројатно пловела на санта мраз од подрачјето околу Гренланд и потоа пливајќи стигнала до Исланд, пишува денеска шведскиот дневен весник ”Дагенс нихетер”.

– По се изгледа ја очекува иста судбина како и поларната мечка што беше застрелана откако се појави на исландското крајбрежје пред неколку недели. Поларна мечка на Исланд е голема опасност за овчарството на островот, рече Том Арнбом, шведски експерт за поларни мечки при Фондот за заштита на светската природа.

Поларните мечки мошне ретко се појавуваат на Исланд. Но екпертите веруваат дека тоа во иднина ќе се случува се почесто како резултат на климатските промени, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Се случува екстремно брзо топење на ледената покривка на морето во подрачјето на Арктикот, мошне побрзо отколку што екпертите предвидуваа. Постојат застршувачки прогнози според кои ледената покривка ова лето би можела да биде 60 проценти потенка отколку што е нормално во тоа подрачје, вели Том Арнбом.

Поларните бели мечки се зависни од морската ледена покривка за да можат да ловат. Тие не јадат бобинки и растенија како други мечки туку се хранат исклучиво со месо, најмногу со фоки. Но со се помалку достапни ледени покравки во текот на летниот период се влошуваат можностите за наоѓање храна, така што се стравува оти две третини од белите мечки би можеле да исчезнат до 2050 година.

Во светот во моментот има околу 25.000 поларни мечки. Белата мечка што денеска се појави на Исланд и припаѓа на популацијата што живее во подрачјето на Гренланд.




Наjновo од Футурама
Топењето на мразот на Арктикот ги тера поларните мечки кон Исланд
Mozilla спремна за војна со Firefox 3
Nokia E71
Чуден пулсар ги зачудува научниците
Интернет сервис за превод на Браево писмо
Видео-очила, кои ви даваат чувство дека сте во кино
Императорска работна станица
Еднорог елен
Откриени мајмуни-риболовци
Глобалното затоплување наскоро ќе го земе својот данок
Збогум ќелавост
Откриена бактерија што го штити амфибиите
Ненаспаните луѓе се преценуваат
Сивата мозочна маса променета после 9/11
Во челуста на смртта
Преживеала 120.000 години во глечер!?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи