Футурама / Наука
Женските шимпанза се промискуитетни

Женските шимпанза повеќе преферираат секс со различни мажјаци, отколку да го бараат најсилниот меѓу нив, велат научниците.
Доволно е да направат бука за да го најдат соодветниот, но сепак преферираат да имаат мажјаци со различен „квалитет“, пред се затоа што така ги намалуваат шансите мажјаците да ги убијат малите шимпанза, затоа што ќе сметаат дека се нивен пород.
Женките исто така се тивки за време на сексот, пред се за нивните сопернички да не ги откријат и да не им го украдат мажјакот.
Научниците од шкотскиот универзитет Сент Ендрус, кои со години ги проучувале шимпанзата во Уганда, соопштија дека женките речиси и да не се заинтересирани да ги натераат „мажјаците да се тепаат за нив“.
(Д.Т)
|