вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Наука

Пирамиди од ѓубре

Холандски научник тврди дека светот би можел да се ослободи од големиот број на депонии доколку ѓубрето се набие во блокови кои ќе се употребат при изградба на пирамиди.

Пирамидите од ѓубре, не само што ќе придонесат за намалување на бројот на депониите, туку ќе претставуваат и интересни туристички атракции и споменици, оценува Роелоф Шуилинг во студијата посветена на глобалните еколошки прашања.

„Овие пирамиди, кои ќе се подигаат на истакната места би можеле да претставуваат туристичка атракција, која ќе им носи дополнителен приход на државите, за разлика од другите споменици кои претставуваат товар, бидејќи постојано треба да се одржуваат“, вели Шуилинг.

Според холандскиот научник од истражувачкиот центар во Утерихт пирамидите ќе може многу полесно да се контролираат за разлика од подземните депонии кои денес се користат за складирање на токсичен отпад.

Шуилинг во написот за „International Journal of Global Environmental Issues“ предлага наместо да се става под земја, тврдиот отпад да се рециклира со што ќе се добие маса која ќе се користи за изградба на пирамидите, кои воедно ќе бидат споменик на општеството затрупани во смет.

Отпадот во овој случај би се мешал со цемент со цел да се избегне порозноста на пирамидите.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Бугарија и Русија бараат кирилични домеини
Пирамиди од ѓубре
Тастатура отпорна на бактерии
Рекорд на загинати од торнадо
НАСА тестира роботи за враќање на Месечината
Yahoo! со два нови e-mail домеина – „Ymail“ и „Rocketmail“
Женските шимпанза се промискуитетни
Шимпанзата се смируваат меѓу себе со прегратки и бакнежи
Топењето на мразот на Арктикот ги тера поларните мечки кон Исланд
Еднорог елен
Откриени мајмуни-риболовци
Глобалното затоплување наскоро ќе го земе својот данок
Збогум ќелавост
Откриена бактерија што го штити амфибиите
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи