И неродените крокодили зборуваат

Звуците кои неродените крокодили ги испуштаат додека се уште се во јајцето, не се случајни. Новите истражувања покажуваат дека мајките крокодили, како и неродените млади имаат особено изострен слух кој им овозможува комуникација уште во пред наталната фаза.
Амели Верн и Николас Матевон од универзитетот Жан Монет во Франција, ги снимија звуците од неродени крокодили во Нил пред да се испилат.
За време на истражувањето, јајцата од крокодилот двапати на ден биле изложувани на снимени звуци од други неиспилени јајца, како и на обични звуци.
Научниците утврдиле дека во 80 отсто од случаите тестираните јајца реагираат на звуците на неиспилените крокодили и тоа со ист звук, а во одредени случаи забележано е имало придвижување на објектот на набљудување. Истражувачите исто така утврдиле дека јајцата не реагираат на обичните звуци.

Според истражувачите овој вид на комуникација меѓу јајцата на крокодилите веројатно служи за усогласување на процесот на испилувањето, но исто така може да претставува и сигнал за мајката која во одредени случаи треба да им помогне на малите крокодили да се ослободат од лушпата, што која поради топлината може да биде тешко пробивна.
Грижливи мајки
Мајките-крокодили го чуваат местото каде што се закопани нивните јајца, дури и кога зоолошките служби ќе ги отстранат јајцата од леглото со цел да ги заштитат од останатите животни.
За да тестираат дали мајките реагираат на звуците од неродените крокодили, Верн и Матевон поставиле звучник на местото каде претходно биле закопани јајцата, и ги пуштале звуците од бебињата на десет мајки-крокодили. Сите од нив одговориле на звуците, а осум од нив почнале да копаат до нивните јајца.
"Изненадува тоа што мајките веднаш доаѓаат и почнуваат да копаат, бидејќи во суштина крокодилите се неподвижни и воопшто не е лесно да ги натераш да се поместат" – вели Верн

Адам Бритон, специјалист во областа за крокодилите, е задоволен во потврдувањето на експериментот за нешто што долго време било претпоставувано.
"Ние ги користевме повиците од неродените крокодилчиња како трик за да се намами мајката до гнездото. Интересно е да се види доказ дека крокодилите се способни за софистицирано однесување" – вели Бритон, кој воедно е и консултант за дивиот свет во Дарвин, Австралија.
Бритон смета дека синхронизираното испилување, помага со сигурност да обезбеди мајката да ги примети јајцата, бидејќи звукот на поединечното испилување е потежок за слушање.
|