понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Јазиците влијаат врз карактерот

Според студија на САД спроведена врз жени од билингвалните шпански подрачја,  луѓето кои израснале со две култури истовремено, можат несвесно да го менуваат својот карактер.

Се покажа дека овие жени, кои говорат  англиски и шпански јазик и се запознаени со двете култури, различно интерпретираат исти настани, во зависност кој јазик го користат во меѓувреме.

Познато е дека во целина, луѓето можат да го сменат начинот при презентирање на настаните и чувствата – феномен познат како менување на рамката. Меѓутоа научниците велат дека нивната работа покажува дека билингвалните луѓе активни во две различни култури, тоа го прават побрзо и без тешкотии.

Еден дел од студијата опфати дел каде на волонтерките им беше дадено да гледаат реклами на телевизија каде жената е прикажана во различни сценарија. Учесничките најпрво ги виделе рекламите на еден од јазиците, англиски или шпански, а потоа шест месеци подоцна на другиот јазик.

Истажувачот Давид Луна од Baruch College, New York и Торстен Рингберг и Лаура Перачо од универзитетот Wisconsin-Milwaukee, открија дека жените изјавиле за себе и за останатите испитанички, дека се чувствувале посамоуверено кога зборувале шпански, отколку кога зборувале на англиски.

"Кај рекламите кои биле на шпански јазик, анкетираните ги доживеале жените прикажани во нив како самоуверени и друштвени" – велат тие.

На пример, една од испитаничките, главниот лик во шпанската верзија го доживеала како независна жена спремна на ризик, додека во истата реклама на англиски јазик, добила впечаток за безнадежна, осамена и збунета жена.

(Т.Ј)


Наjновo од Футурама
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
LG MFFM37 медија плеер
Бета верзијата на Windows 7 пристига на 27-ми октомври
Кина ги шпиунира пораките на Скајп
IE и Firefox го губат пазарот?!
Од ѓубре до сортно вино за 30 минути
Откриен број со 13 илјади бројки
Баба Ванѓа предвидела Трета Светска Војна во 2010
Пронајдени најстари карпи на светот
Заборавањето е неопходно во животот
Откриена формула за подолг живот на цвеќињата
Како да се докаже чудо?
Стопиран проектот “големо распрскување“
Луѓето користат сличен начин за пребарување
Откриени стотици нови морски видови фото галерија
Откриени мравки стари 120 милиони години
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи