сабота, 28.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Наука

Дизни одговорен за исчезнувањето на Немо

Тропската риба кловн – ѕвездата на познатиот цртан фил „Finding Nemo“ е пред истребување, само пет години откако Дизни го издаде филмот, кој можеби делумно е одговорен за ваквата состојба.

Се проценува дека половина од глобалната побарувачка на рибата кловн се обезбедува преку посебните мрестилишта, што значи дека остатокот се надополнува од морето.

Сега просечната група од популацијата на риба кловн во Квинсленд, Австралија од 25 опадна на шест, што го отежнува нивното размножување, покажува најновото истражување на др. Били Синклер од Кумбриан универзитетот, кој последните пет години го истражува овој вид на риба.

Синклер вели дека филмот за рибата кловн кој трага по својот син кој бил фатен за да биде дел од нечиј аквариум придонел за поголема едукација на децата за подводниот свет.

По појавата на филмот рибата кловн стана тренд и распространетата идеја дека секое дете „мора да има“ таква риба,  придонесе за преголема побарувачка.

„Мојата порака за децата кои го сакаат филмот е едноставна: кажете им на вашите родители да го остават Немо во морето, каде што припаѓа“, вели Синклер.

Експертот додава дека покрај зголемената побарувачка, своја улога во намалување на популацијата на оваа риба си одиграле и климатските промени.

Порастот на температурата на морето, кое придонесе за „белеење“,  а потоа и умирање на коралите е уште еден фактор за ваквата состојба.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Дизни одговорен за исчезнувањето на Немо
„Мачо“ лаптоп
Заврши ерата на Бил Гејтс
iPhone + Злато + Дијаманти
„Човекови права“ за мајмуните
Венус Експрес најде хидроксил на Венера
SMPlayer екстра плеер
Јазиците влијаат врз карактерот
И неродените крокодили зборуваат
Пирамиди од ѓубре
Рекорд на загинати од торнадо
Женските шимпанза се промискуитетни
Шимпанзата се смируваат меѓу себе со прегратки и бакнежи
Топењето на мразот на Арктикот ги тера поларните мечки кон Исланд
Еднорог елен
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи