
|
 |
Футурама / Наука
Научници одвикнале глувци од алкохол
Глувците во рок од неколку минути може да се одвратат од желбата за алкохол и тоа со помош на супстанца која се произведува во самиот организам на животното. Супстанцата не само што ја блокира желбата за овој порок, туку ги спречува и рецидивите кои се јавуваат по подолга апстиненција од земање алкохол. Врз основа на овие резултати, сега би требало да се развие терапија за лечење на луѓе.
 При истражувањето, објавено во зборниците на Американската академија на науки е користена супстанцата, развиена од др. Себастијан Кернисел и неговите колеги од калифорнискиот универзитет. Супстанцата всушност е факторот за раст познат како GDNF, надлежен за развој на одредени нервни ќелии во централниот нервен систем. Научниците овој пат GDNF го вбризгале директно во делот на мозокот кој игра централна улога кај зависностите од дрога и алкохол, познат како вентрално тегментално подрачје (VTA). Глувците, кои ја притискале рачката во својот кафез за да сами си обезбедат алкохол, ја изгубиле желбата за овој порок само десет минути откако GNDF им е вбризган. Дири и животните кои претходно биле навикнати на поголема количина на алкохол сега многу поретко ја притискале рачката и пиеле многу помалку од претходно. Истите реакции глувците ги покажале и три часа по вбризгувањето на GDNF.
Со спроведување на дополнителни експерименти научниците успеале да покажат дека GDNF всушност ја намалува само желбата за алкохол. Така кај глувците кои станале зависни од шеќерен раствор, GDNF не придонел за менување на нивното однесување.
 На крај, научниците успеале да докажат дека GNDF го спречува и повторното враќање кон порокот. Односно дека по поголема апстиненција доколку глувците се напијат малку алкохол, не се враќаат кон старите навики. Според научниците овој резултат е особено важен бидејќи високата стапка на рецидиви претставува главен проблем при лечењето на алкохолизмот. Научниците истакнуваат дека алкохолот предизвикува исти процеси во мозокот на глувците и на луѓето поради што се повеќе се надеваат дека новите сознанија ќе им помогнат при изнаоѓање на соодветна терапија за лекување на алкохолизмот кај луѓето.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|