Футурама / Наука
Луѓе со надчовечки способности
Луѓето со исклучителни способности не постојат само во научно-фантастичните филмови и книги. Тие живеат меѓу нас и многумина од нив не се свесни за својата моќ. Повеќето од овие способности се генетски и не можат да се контролираат од личноста која ги поседува. Ова се примери за пет такви способности.
Совршено чувство за вкус
Луѓето кои го чувствуваат вкусот со поголем интензитет од останатите се наракуваат супервкусувачи. Поседувањето на повеќе рецептори за вкус на јазикот, се смета дека е причина зошто овие луѓе имаат поголем интензитет на вкус. Од сите вкусови благо, солено, горчливо и кисело, се смета дека горчливиот вкус најлесно се перцепира.
Фенил-тиокарбамид (ПТЦ) е супстанција која се користи да се испита горчливиот вкус. Просекот покажал дека 70% можат да го вкусат ПТЦ, 2/3 од нив се просечни вкусувачи, додека само 1/3 се супервкусувачи.
Совршен слух
Овие луѓе се способни да идентификуваат и репродуцираат тонови кои претходно не им биле познати. Не се работи за способност подобро да се слуша, туку за способност менатлно да се класифицираат звуците по категории. Приемри за ова се слушање на секојдневни звуци како труби, сирени и мотори, способност за пеење на некоја нота без преходно гледање или свирење песни по слух.
Проценките покажуваат дека 3% од популацијата во САД и Европа имаат апсолутен слух од оние кои се полупрофесионални и професионали музичари. Во музичките конзерватории во Јапонија околу 70% од музичарите имаат совршен слух, што најверојатно се должи на средината од каде потекнуваат и нивниот јазик чиј акцент се одредува по слухот.
Тетрахромност
Способност да се гледа светлина од четири различни изоври - црвен, зелен, плав и ултравиолетов спектар на бои. Обично луѓето се трихромати и не ја гледаат светлината од ултравиолетовиот спектар. Оваа појава најчесто се среќава кај некои видови птици, риби, рептили и инсекти. До сега се смета дека биле откриени два вакви случаи кај луѓе.
Генетски кимеризам
Или поинаку кажано тетрагаметизам, кај луѓето и животните настанува кога две оплодени јајца или ембриони се соединуваат во раната бременост. Секој зигот носи копија на родителската ДНК и создава различен генетски профил.
Кај луѓето кимеризмот е многу ретка појава, според Википедија биле регистрирани 40-тина такви случаи. При испитување на ДНК кај овие деца било утврдено дека не се совпаѓа со онаа на мајката, односно децата не се биолошки поврзани со нивните мајки.
Синестезија
Синестезија или соединување на сетилата е феномен кој го доживуваат одредени индивидуи наречени синестети. Кај овие луѓе со слушање на некој звук се појавуваат бои или облици. Исто така е можно визуелната слика да им предизвика некој мирис или пак појава на некој звук. Постојат и такви кај кои секој збор има различен вкус.
Најчеста појава на синестезија е онаа каде секоја буква или број има своја одредена боја
(Т.Ј)
|