петок, 22.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Животните предвидуваат

Нема ништо ново во тоа кога ќе слушнеме дека домашните миленичиња се однесуваат како да им ги читаат мислите и намерите на сопствениците.

Кучињата најчесто знаат кога нивниот сопственик се спрема да тргне на пат и иако се наоѓа на голема одалеченост, го чекаат крај вратата кога се враќа. Мачките пак се способни да почувствуваат кога треба да одат на ветеринарен преглед и се кријат за да не бидат пронајдени.

Што е уште позанимливо, забележани се многу случаи каде мачките чувствуваат пред некој човек да умре. Тие го променуваат однесувањето и се присутни во моментот кога настанува смртта, така што лежат покрај телото или прават чудни движења.

Една теорија вели дека чувството за мирис кај мачките, овозможува да ги осетат промените кај метаболизмот каде само што не настапила смртта.

Во такви моменти кучињата лаат или пак завиваат, а крзното на мачките станува наелектризирано, што најверојатно е предизвикано од нивната интуиција.

Птиците и традиционално се поврзуваат со умирањето. Во два случаи кратко после смртта, забележано е како мала птица влетува во домот и застанува на дел од мебелот пред повторно да излета надвор. Или пак случај каде се појавил був преку ден, пред некоја куќа каде умрел некој.

Способноста за летање секогаш била доживувана како некоја посебна моќ. Можеби затоа од секогаш се сметало дека птиците поседуваат некој елемент на натприродност.

Во некои култури се верува дека душата на човекот пристига на земјата во форма на птица или земји каде птиците се сметаат за чувари на душата во другиот свет.

Можеби, овие приказни за птиците се предизвикани од митовите или пак се знак дека сепак не се работи само за легенди.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
Крв од матични клетки
Новите iPhone апарати самозапаливи
Нервозни родители – хиперактивни деца
Лагата се препознава во очите
„Prison Break“ и во светот на игрите
IdeaPad U8 од Lenovo
„Мртвите зони“ закана за морскиот свет
НАСА ќе проверува дали на Месечината има вода
САД ќе им ги чита мислите на војниците
Светла иднина за дигиталната анимација
Асфалтот како извор на енергија
Зошто слоновите никогаш не забораваат?
Во светот расте бројот на левораките луѓе
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи