
|
 |
Футурама / Наука
Сексуално образование од рана возраст
Од Family Planning Association и Brook велат дека треба да се направи многу повеќе за да се намали стапката на абортирања и сексуално преносливите болести меѓу тинејџерите.
Тие сметаат дека постепената едукација од рана возраст, ќе помогне децата да не избрзуваат со сексот кога ќе пораснат.
Децата уште од четиригодишна возраст, треба да се запознаат со деловите од човечкото тело и да имаат некои основни сознанија за врските меѓу половите.
Оваа организација смета дека владата не дава доволно информации за сексот, и дека основното сексуално образование кое се применува во училиштата низ светот, не е доволно за добивање на сите информации.
Симон Блејк од Brook организацијата вели: " Многумина од младите луѓе имаат секс затоа што се љубопитни да откријат за што станува збор или затоа што нивните пријатели се веќе сексуално активни. Мора да имаме високи очекувања за младите луѓе за да и тие имаат за самите себе. Сите податоци укажуваат на тоа дека доколку се започне со рана едукација за сексот и врските, пред децата да влезат во пубертет и пред да почувствуваат сексуална привлечност, тие покасно влегуваат во сексуални односи. Во таков случај тие знаат да користат контрацепција и да имаат сигурен секс." (Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|