
|
 |
Футурама / Наука
Откриена стара „сексуална клетва“
Археолозите кои работат на ископување на остатоците од античкиот град Аматус, близу Лимасол на Кипар, ночекувано открија „сексуална клетва“, јави АФП.
 - Кетвата е испишана на старогрчки јазик на оловна плоча и дел од неа гласи: „може да си го повредиш пенисот кога ќе водиш љубов“, изјави раководителот на атинската Археолошка школа, Пјер Обер.
Тој наведува дека на плочата е прикажан и маж кој држи нешто во својата десна рака, што наликува на песочен часовник.
Плочата датира од седмиот век од новата ера кога христијанството веќе било доминантна религија на Кипар, што според Обер, укажува дека на неа е прикажано „правење магии“ или пак шаман од паганскиот период.
Градот Аматус го основале Феникијците околу 1500 година пред нашата ера и тој своето богаство го стекнал од огледување житни култури и од рудниците на бакар. Во времето на Римското Царство, Аматус претставувал главен регионален центар. Градот бил уништен во 12-от век.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|