
|
 |
Футурама / Наука
Среќата имуна на настаните во животот
Значајните настани како што е раѓањето на дете или пак венчавка, може да ве направат среќни меѓутоа само привремено, велат истражувачите.
Нашето основно ниво на среќа останува исто во возрасниот период од животот, вели Економскиот извештај.
Економисти од Велика Британија, САД и Франција, го базираа својот заклучок на 20 годишни анализи за животната сатисфакција на стотици луѓе од Германија. Тие откриле дека и после трауматични настани, вкупното расположение опаѓало, но потоа се враќало во нормала.
Студијата посветила внимание на психолошкиот процес наречен адаптација, односно начинот како луѓето се привикнуваат на новите околности, независно дали се добри или лоши.
Волонтери од Германија на возраст од 18-60 години, биле прашани на почетокот на истражувањето и после две декади, да го рангираат нивото на сопствена среќа. Исто така тие требало да наведат некои позначајни настани кои им се случиле во текот на годините, за да истражувачите направат споредба меѓу настанот и степенот на задоволство што го предизвикале кај испитаникот.
Тие откриле дека само оние кои биле невработени, имале подпросечно расположение пет години откако ја изгубиле работата, додека за другите трауми како развод или смрт на близок, вкупното расположение опаднало, но по извесно време се нормализирало.
Негативни настани
Кај позитивните настани како што се брак и деца, ефектот бил минлив, велат истражувачите кои пресметале дека нивото на среќа е повисоко во рок од две години после таков настан, а потоа се стабилизирало на основното ниво.
Др.Јанис Георгелис од Универзитетот Брунел и коавтор на извештајот, вели дека старата изрека како што е "времето лечи се", во многу од случаите се покажала како точна.
Франсоа Москович, директор на консултантската фирма White Water Strategies, вели дека постојат бројни показатели дека луѓето имаат фиксен ранг на среќа, кој моментално може да биде пореметен во зависност од некои настани, но тој период не трае долго.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|