петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Тапанарите со подобра кондиција од фудбалерите

Тапанарите имаат подобра физичка кондиција од фудбалерите, покажа неодамнешната британска студија.

Како доброволен „лабораториски глушец“ послужил тапанарот на групата Blondie, Клем Бурк, кој осум години бил „набљудуван“. Истражувањето покажало дека едночасновното свирење го крева пулсот на нивото што Кристијано Роналдо го има за време на еден обичен натпревар во лигата.

Ако се земе предвид дека фудбалерите во текот на годината во просек играат по 50 натпревар, тогаш слободно може да се заклучи дека тапанарите се во подобра форма со оглед на фактот што тие многу почесто имаат свирки.

„Во период од една година, Клем имаше 100 концерти на кои свиреше по час и половина. Фудбалерите во лигата на шампионите играат по еден натпревар во две недели. Музичарите имаат посилно темпо на работење, особено кога се на турнеа. За такво нешто мора да имате совршена кондиција“, вели Маркус Смит, кој учествувал во истражувањето.

Студијата покажала дека срцето на тапанарите може да има од 140 до 150 отчукувања во минута, а понекогаш може да достигне и до 190.

Истражувањето покажало дека Клем Бурк, кој сам го иницирал истражувањето, за време на една свирка троши од 400 до 600 калории. Научниците се надеваат дека овие резултати ќе им помогнат во борбата против прекумерната тежина кај младите лица.


Наjновo од Футурама
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
Пловечки фитнес центри
Вонземјаните се исти како ИТ, мали се и имаат големи глави и очи
Како деветката влијае врз потрошувачите
Тапанарите со подобра кондиција од фудбалерите
Logitech Wii тастатурата
CPU кулер со течен метал
Дежа ву или лажно сеќавање
Гласната музика ве тера да пиете
Белата боја на коњите резултат на генетски промени
Научниците во потрага по вонземски форми на живот
Секси гласот и симетричното тело одат заедно
Откриена првата „птица“ на светот
Среќата имуна на настаните во животот
Откриена стара „сексуална клетва“
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи