недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Како младите делфини ги препознаат своите мајки

Женките делфини, испуштаат крици десет пати повеќе откако ќе родат, за да му помогнат на младенчето да научи да ја препознава мајка си. Овие специфични звуци се различни кај сите животни, и им служат како знак на препознавање.

Постои опасност додека младите кои сè уште се во првите недели од животот, да не ги препознаат своите мајки, бидејќи веднаш се социјализираат и пливаат заедно со другите делфини.

Има многу случаи на „крадење” младенчиња, каде  мајките ги мешаат своите деца. Криците кои ги испуштаат се знаци на препознавање со чија помош младите препознаваат  која им е мајка.

Вакви инциденти на „крадење“ млади, се случуваат обично во првиот ден од нивниот живот, се додека новородениот делфин не го научи звукот за препознавање на својата мајка. После тоа, може лесно да се одвои од мајката и да плива во групи со другите делфини, без никаква опасност дека ќе го замени родителот.

Кај некои видови птици периодот на препознавање е многу мал и трае неколку часа, додека кај цицачите може да трае првите неколку недели од животот на новородените.

Криците кои секоја мајка делфин ги испушта се специфични и не се поклопуваат со оние на другите делфини, на тој начин  нивните деца полесно  ги идентификуваат. Кога младенчињата ќе станат повозрасни, стекнуваат навика да пливаат до својата мајка и да бидат постојано во нејзина близина.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
На Балканот му се закануваат разорни земјотреси и силно цунами
Откриен мавзолејот на царот Ирод
Несреќните луѓе почесто гледаат телевизија
Кога умот ја контролира болката
Религијата како прибежиште за секој човек
Збогум на белите влакна
Дијаманти од текила
Ген одговорен за зависноста од кокаин
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи