Футурама / Наука
Вински мушички незаинтересирани за секс
Според студија на Duke University Medical Centre, недостаток на генот за посебен рецептор на мирис кај машките вински мушички, ги прави неспособни за секс. Поради неможност да ги читаат хемиските сигнали, овие инсекти ќе се спарат со други со кои веќе се спариле. Сигналите што ги испуштаат се феромони, кои се пренесуваат од веќе спарените машки и женски единки. Овие сигнали се регистрираат во центарот за обработка во мозокот на мушичката, што го одредува однесувањето.
Ова директно поврзување ги изненади научниците, кои ги проучуваа другите гени кај винската мушичка поврзани со парењето. "Ова е во спротивност од тоа што претходно беше научно испитувано. Нашето откритие имплицира дека сигналите од надвор, не мора да одат низ станиците за обработка во хемиски чувствителниот систем, пред да се поврзат со повисоки функции на мозокот,"- вели Хуберт Амреин, од департманот за микробиологија.
Машките единки кои го немаат генот наречен Gr32a, или ген поврзан со рецепторот за вкус, покажаа нормално ниво на спарување со женки девици. Но во натпревар со нормални машки единки, соодносот на спарување бил четири спрема еден.
Научниците исто така откриле дека во недостаток на овој ген, машките вински мушички привлекувале женки кои веќе биле спарени. Нормалните единки не се спарувале со такви женки, затоа што при првото спарување тие веќе добиле машки фермони. Овој ген е многу важен при разликувањето на половите и за одредување на статусот на парење. Генот не е пронајден кај луѓето, бидејќи развојот на фермоните кај човечкото сексуално однесување, се уште не е истражувано.
(Т.Ј)
|