
|
 |
Футурама / Наука
ДНК анализа на влакно од Јети
Британски научник соопшти дека прави ДНК анализа на влакно за кое што тврди дека е од Јети. Резултатите се уште не се готови, но првичните испитувања покажале дека Јети има карактеристики и на човек и на мајмун.
 Биологот Иан Редмонд вели дека влакната кои се пронајдени во индиската џунгла се исти со оние кои сер Едмунд Хилари ги собрал од Еверест во 1950 година.
„Погледани под микроскоп можете да забележите сличности со влакната на човекот, но има сличности и со влакната на орангутаните, како и со оние кои Едмунд Хилари ги донесе од Еверест. Влакната кријат енигма. Може да им припаѓаат на некој нов вид, но ДНК тестот ќе ни даде повеќе информации“, изјави Редмонд.
Влакната ги пронашол Дупи Марак и тоа во далечната 2003 година, но неодамна успеал преку еден од новинарите на Би-Би-Си да ги испрати на анализа во Британија. Марак во џунглата во индиската држава Мегалаја забележал суштество за кое се верува дека е индиска верзија на Јети или снежниот човек, а за кој се верува дека е висок три метри.
Редмонд и научниците од Oxford Brookes универзитетот со употреба на силен микроскоп направиле споредба со влакната од азиска црна мечка, азиски бивол, орангутан и горили, како и со влакно од брадата на Редмонд.
"Влакната имаат кутикула, долги се од 3,3 до 4,4 сантиметри, дебели се, цврсти и заоблени. Во еден момент мислевме дека се влакна од дива свиња, но кога го споредивме со примерокот што го земавме од Природно-научниот музеј, забележавме дека се сосема различни“, вели Редмонд.
Биологот стапил во контакт и со англиската лабораторија која ги анализирала влакната што Хилари го донел во 1950 година, по експедицијата на Еверест. Анализите покажале дека постои голема физичка сличност.
Со оглед на фактот што микроскопските тестови се несигурни, влакната се испратени на ДНК анализа во две одделни лаборатории во Оксфорд и Кардиф.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|