Пронајдена најмалата змија на светот
Најмалата змија на светот, која е долга само 10 сантиметри и е тенка колку една шпагета, е пронајдена на островот Барбадос. Оваа змија со име Leptotyphlops carlae, е најмалата од сите 3100 познати видови на змии, и е пронајдена од Др. Блеир Хеџис, биолог од Penn State University, САД.
 Тој ја открил оваа змија под еден камен, и иако продолжил со пребарување во околината, успеал да најде само две женски единки. Според него дефинирањето на нови видови кога организмот е толку мал, е многу тешко, бидејќи некои податоци може да се превидат. Единствено решение за испитување е само според модерната технологија за генетско земање на отпечатоци, преку тестирање на ДНК.

За разлика од останатите видови змии кои несат по 100 јајца, најмалата змија во светот изведува само едно јајце кое тежи половина од тежината што ја достигнува како возрасна единка. Се претпоставуваа дека се хранат со термити бидејќи се премногу мали за да бараат друг вид на храна.

Др.Хеџис вели дека овие змии изведуваат само едно големо јајце, бидејќи големината на возрасната единка може да го ограничи бројот на изведени јајца, затоа што само две јајца се големи колку телото на мајката.
Опасноста од природната селекција, како и лошата состојба на флората на островот Барбадос, може да биде пречка за понатамошниот развој на овој вид змии.
(Т.Ј)
|