сабота, 09.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Откриени мистични камења од неолитот

Повеќе од 100 цртежи што датираат од пред неколку илјади години се откриени на карпите во Англија. Пронајдени таму каде земјата се спојува со небото, на висорамнини во северна Англија. На овие цртежи денеска се гледа како на мистериозни, чудни и праисториски резби в камен.

Уметничките дела, за кои се претпоставува дека ги направил неолитскиот човек, може да ги посети било кој, но поради непристапноста на теренот останале неоткриени илјадници години.

За време на Неолитот, пред 4000 до 6000 години, човекот го напуштил егзистенционалното селење карактеристично за ловецот - собирач, кој патувал низ земјата, следејќи го својот плен до населените подрачја.

Човекот од новото камено доба преферирал да остане во едно место, да одгледува жито и домашни животни.

Над 100 волонтери се вклучени во пилот проектот на англискиот институт за културно наследство, снимајќи ги локациите, содржините, контекстот и утврдувајќи ја состојбата на карпите.

На карпите се претставени апстрактни цртежи, избраздени и издлабени кругови. При изработката на овие дела неолитскиот човек користел камен или коска за да ги издлаби овие уметнички дела. Се проценува дека во Англија има околу 2.500 слични цртежи кои ја преживеале природната ерозија.

Засега не може да се утврди точното време на настанувањето на овие творби, но периодот може да се утврди од контекстот во кои се најдени.

„Постојат многу теории што значат овие цртежи. Може да биле дел од некоја свеченост, гозба или пак ги користеле како патокази, а можеби ги користеле за обележување на територија. Можеби имале и некоја духовна важност. Во ловечко-собирачките заедници, местата каде планините го допираат небото, или каде морето го допира брегот, најчесто се сметале за подрачја каде се наоѓаат духовите на нивните предци. Повеќето цртежи се најдени токму во такви предели. Очекувавме дека ќе најдеме една или две едноставни слики. Наместо тоа најдовме неверојатна плоча, веројатно една од најкомплексните плочи што досега е пронајдена во ова подрачје“, изјави Кејт Вилсон, која ги експерт за древни споменици.




Наjновo од Футурама
Со полен во борба против криминалот
Tочна географска карта на Ангкор Ват
Робот чистач
Тутанкамон имал деца?!
Нова генерација на ботнет спам филтри
Луѓето не се роднини со неандерталците
Откриени мистични камења од неолитот
Пронајдена најврелата вода на Земјата
И од една цигара се станува зависник?!
Пронајдена најмалата змија на светот
Колку е мал светот
10 нешта што научниците не успеале да ги докажат
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи