сабота, 09.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Tочна географска карта на Ангкор Ват

Австралиски научници со помош на радари што се користат во вселената, изготвија точна карта на Ангкор Ват. Научната работа што траеше повеќе од 15 години докажа дека огромниот храм некогаш бил затворена населена област

Меѓу големиот број храмови се наоѓале помали населби, вели Дамиан Елванс, заменик раководител на проектот Ангкор: „Ангкор бил повеќе затворена населена област, отколку збирка на нееднакво распространети храмови. Надвор од храмовите можевме да докажеме дека имало населби, групи од куќи што во тоа време се наоѓале таму. Во овие населби имало мали така наречени селски храмови. Освен тоа најдовме и стари бунари и корита во кои се собирала водата од дождовите. „

Со високо квалитетни камери од НАСА и специјални радари научниците од Сиднеј заедно со колеги од Камбоџа и Франција изготвија прецизна карта на тогашниот град Ангкор. Според мерењата неговата големина може да се спореди со големината на денешен Берлин. Само што Ангкор не бил толку густо населен:

Во северниот дел на Камбоџа археолозите откриле уште 74 други храмови


Ангкор Ват во Камбоџа е магнет за туристи


„Во принцип направивме истражувања и за да си создадеме слика за тоа што се нарекува денес Ангкор Ват. Како живееле луѓето овде, од што живееле и како изгледал нивниот секојдневен живот. „

Но, сигурно има уште многу повеќе што се наоѓаат скриени во џунглата, вели Еванс:

„Тука беа само тие, што можевме веднаш да ги препознаеме како храмови. Сигурно има уште преку 100-тина други што треба детално да ги испитаме. „

Храмовите на Ангкор биле откриени дури во средината на 19 век


Руини од некогашните храмови

Тогаш францускиот научник и графичар Анри Мау ги истражувал денешните земји Камбоџа, Тајланд и Лаос. Во 1863 година во француското списание Ле Тур д Монд за прв пат биле објавени слики од т.н. Антлантис во џунглата.

Некои храмови, како на пример Ангкор Том, и до денес комплетно се прекриени со огромни широки дрвја. Освен тоа по откривањето на Ангкор Ват се изгубил голем дел од уметничките богатства, скулптури и релјефи. Пред се крадци на уметнички дела ги продале богатствата на колекционери од целиот свет.

Во 1992 година Ангкор Ват беше запишан на листата на УНЕСКО на светски културни наследства.




Наjновo од Футурама
Tочна географска карта на Ангкор Ват
Робот чистач
Тутанкамон имал деца?!
Нова генерација на ботнет спам филтри
Луѓето не се роднини со неандерталците
Откриени мистични камења од неолитот
Пронајдена најврелата вода на Земјата
И од една цигара се станува зависник?!
Пронајдена најмалата змија на светот
Колку е мал светот
10 нешта што научниците не успеале да ги докажат
На што се должи мрзливоста
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи