
|
 |
Футурама / Наука
Светла иднина за дигиталната анимација
Сигурно малкумина се оние кои се уште не го гледале филмот „Beowulf“ кој претставува вистинско ремек дело на дигиталната анимација. Наскоро ваквиот тип на анимација би можел да стане секојдневие и во филмската индустрија, како што веќе одамна стана дел од индустријата на игри.
 Фантастичната комбинација на технологија и графичка уметност во иднина би можела да стане потполно реалистична во 3Д приказот на анимираните фацијални експресии.
 За сто ова е задолжена компанијата „AlterEgo“ која претстави специјален софтвер за креирање фацијални експресии на дигитализираните модели на глумци. Со помош на овој софтвер сега е можно да се креира и види секоја брчка, линија и експресија на лицето.
 Софтверот може да се користи во комбинација со специјалниот mo-cap (motion capture) хардвер, се со цел да се направи неверојатно реалистични дигитални лица и тоа за рекордно краток временски период.
Ианку, тимот на „AlterEgo“ е задолжен за дигитализација на ликовите во играта „Dark Sector“, како и на „Silent Hill 5“ која допрва треба да се појави на пазарот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|