„Мртвите зони“ закана за морскиот свет
Научниците Роберт Џ. Диаз и Рутгер Росенберг откриле дека во последните две години двојно се зголемил бројот на „мртвите зони“ во океанот, подрачја со ниско ниво на кислород. Засега се откриени 400.

„Мораме да сфатиме дека хипоксијата не е локален проблем. Тоа е глобален проблем и има сериозни последици врз екосистемот. Размерите на овој проблем почнуваат да влијаат на морскиот свет, кој ние пак го консумираме како храна. Ако ја уништиме рамнотежата на текот на енергијата тогаш може да се случи исчезнување на раковите и на рибите. Веројатно дека тоа и ќе се случи ако не ги сопреме мртвите зони“, вели Роберт Џ. Диаз.
„Мртви зони“ се пронајдени на јужната полутопка, поточно во водите околу Јужна Африка и во некои делови на Азија. Некои од „мртвите зони“ постојат со години, но забележано е создавање и на нови.
Алгите кои се хранат со загадените материи, како што се фекалиите, вештачките ѓубрива, фосилните горива и другите отровни материи кои со реките се влеваат во океаните. Овие алги го лишуваат од кислород останатиот животински свет. Алгите се најголемите виновници за создавањето на „мртвите зони“.

„Фармерите треба да си ги чуваат вештачките ѓубрива в канта и да не ги фрлаат во реките. Кога овие ѓубрива ќе станат поскапи, тогаш фармерите сигурно ќе се потрудат да си ги зачуваат“, смета Диаз.
Нови зони со ниско ниво на кислород се откриени во Samish Puget Sound, заливот Yaguina во Орегон, во територијалните води на Тајван, во реката Сан Мартив, Шпанија, во водите во Норвешка, Нов Зеланд...
|