
|
 |
Футурама / Наука
|
|
Крв од матични клетки
Американските научници успеале да создадат човечка крв од матични клетки. Новиот пронајдок претставува чекор напред во решавањето на проблемите со донирањето крв. На овој начин лекарите ќе ги елиминираат ризиците како што е пренесување на смртоносниот ХИВ- вирус, хепатитис и човечката форма на болеста „кравјо лудило“.
 Научниците од „Advanced Cell Technology Centre“ во Масачусец успеале со помош на матични клетки од ембриони, помлади од две недели, да развијат црвени крвни зрнца. Контроверзниот експеримент се најде на метата на светската јавност откако се обелодени дека ембрионите, после експериментот биле уништувани.
Матичните клетки се „главните клетки“ на човечкиот организам, а поради оваа нивна улога долги години наназад се предмет на научни интереси. Досега експертите успале да ги репрограмираат матичните клетки и да од нив да одгледаат и да заменат оштетени ткива. Досега научниците успеале со помош на матичните клетки да одгледаат и да заменат ткива од срце, па дури и коскено ткиво, но сега за првпат успале од овие клетки да одгледаат крвни зрнца.
Истражувачите, предводени од до. Роберт Ленза ги изложиле матичните клетки на факторот за раст може да се најде во крвта и во коскената срж.
Матичните клетки постепено се развиле во клетки кои се идентични на црвените крвни зрнца. Следната етапа од истражувањето е тестирање на овие зрнца кај човекот, нешто што би можело да се случи во следните две години.
Новиот пронајдок ќе помогне да направи соодветна замена за сите крвни групи: A, B, AB и O, и тоа со двата резус фактора, позитивен и негативен.
Досега само O негатив крвта можеше да им се даде на сите пациенти. Доколку научниците успеат да создадат O негатив, тогаш сите пациенти ќе имаат корист од новото истражување.
„Тогаш нема да се грижите дали има имате недостаток од одредена крвна група, бидејќи ќе можете да создадете колку што сакате. Ограниченоста на резервите со крв е еден од најголемите проблеми на пациентите кои изгубиле многу крв. Матичните клетки од ембрионите претставуваат нив извор на клетки, кој постојано може да се проширува и зголемува. Тие се непресушен извор на црвени крвни зрнца кои се неопходни за лекување“, вели Ленза.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|