недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Футурама / Наука

Нервозни родители – хиперактивни деца

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на хиперактивните деца и самите се во опасност од различни пореметувања. Тие најчесто манифестираат анксиозност, депресија...

Родителите на децата со изразена хиперактивност, пореметување кое настанува како последица на одсуство на доволно внимание на околината и посебно на родителите, треба и самите да се консултираат со психијатри или невролози. Тие исто така се изложени на ризикот и самите са станат хиперактивни или да почнат да страдаат од пореметување во учењето, памтењето или некои други болести, соопштија американски истражувачи.

Генетска пореметеност

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на децата кај кои е дијагностицирана хиперактивност 24 пати повеќе се изложени на ова пореметување отколку децата без ова пореметување.

„Иако за хиперактивност постои генетска предодреденост, утврдено е дека сепак не заболуваат сите родители на деца со пореметувањето„, изјави неврологот Д-р Андреа Хронис која раководеше со истражувањето.

„Сите лекувања и терапии на деца се многу помалку ефикасни доколку и родителите имаат проблеми„-нагласи Хронис. „За несреќа, кога родителите имаат психолошки проблеми, тие се помалку способни животното опкружување на детето да го прилагодат на начин на кој на детето ќе му пружат оптимални услови за развој.

Битна е средината во која детето расте

Поради тоа, велат истражувачите, неопходно е да се истражи и средината во која детето расте и се идентификува и, ако е потребно, да се третираат проблемите на родителите кои можат да влијаат на лекувањето на детето.

Научниот тим на докторката Хронис го следеше однесувањето на 200 деца кај кои е дијагностицирана хиперактивност на универзитетските клиники во Чикаго и во Питсбург. Однесувањето на децата со хиперактивност е следен од 1995 година но, во исто време е контролирано и дали родителите страдаат од депресија.

Утврдено е дека родителите на претшколски деца со хиперактивност, кои и самите имаат проблеми во однесувањето, особено агресивност, два до петпати почесто

имаат ментални проблеми како што се

анксиозност, депресија и користење на дроги.

Симптомите на хиперактивност често се мешаат со симптомите на некои други ментални однесувања-предупреди Д-р Хронис во извештајот објавен во Списанието на американската академија за деца и адолесцентна психијатрија.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
На Балканот му се закануваат разорни земјотреси и силно цунами
Откриен мавзолејот на царот Ирод
Несреќните луѓе почесто гледаат телевизија
Кога умот ја контролира болката
Религијата како прибежиште за секој човек
Збогум на белите влакна
Дијаманти од текила
Ген одговорен за зависноста од кокаин
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи