
|
 |
Футурама / Наука
Колку е безбеден авионскиот сообраќај?
Последните неколку авионски несреќи во Шпанија и Киргистан, во кои загинаа повеќе од 300 лица, ставија знак прашалник за безбедноста на авионските летови.
Патувањето со комерцијални авио линии, според статистичките податоци, со текот на времето станува се побезбедно. Стапката на несреќи во 1996 година била 1.3 за еден милион летови, додека податоците од минатата година покажуваат дека таа стапка е речиси преполовена на 0.75 за милион летови.
 Исто така и бројот на загинати лица се намалил од 1035 во 2005 година, на 692 во 2007. За споредба, некаде околу 3000 лица, загинале во сообраќајни несреќи во Британија, минатата година.
„Летањето со авион во денешни услови, е побезбедно отколку порано. Овие несреќи кои неодамна се случија, се само коинциденција и причините за падот на авионите, се од различна природа“, велат Киеран Дели од Air Transport Intelligence и Дејвид Леармаунт од Flight International magazine.
 Основна грижа на експертите за авионски летови, е тоа што некои континенти имаат подобри стапки на безбедност за разлика од други. Стапката на авиони кои се урнале во Африка е 4 за милион летови, во Азија и Пацификот 2.76, додека во Латинска Америка 1.61. За разлика од нив, стапката на несреќи во Северна Америка е 0.09 летови од милион.
„Авионските несреќи во Америка, Европа и Азија, во последно време се многу ретки, што навистина е зачудувачки како се случила несреќата во Мадрид“, вели Дели.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|