петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Наука

Зошто е толку тешко да се убие мува?

Конечно научниците после долго време, открија како да ја добиеме борбата со неверојатната способност на мувите, успешно да го избегнат весникот насочен кон нив.

За откривање на движењето на мувите и начинот на кој успеваат на време да се заштитат од ударот, биле употребени камери кои регистрираат голема брзина. Снимките покажале дека мувите откако ќе забележат дека се замавнува кон нив, тие се способни за многу кратко време да го испланираат и изведат движењето за избегнување на ударот.
Сето ова се случува за помалку од 200 милисекунди, што претставува една петина од секунда, додека на човечкото око му се потребни од 300 до 400 милисекунди за едно трепнување.

Научниците конструирале роботска мува, со исти движења и брзина на летање како кај обичните муви. Со нејзина помош набљудувале  најразлични положби на телото и начинот на кој се движи кога претчувствува опасност.

Откритијата се многу интересни, на пример кога мувата ќе почувствувала дека се заканува опасност од напред,  ги поместувала средните нозе, се наведнувала наназад и била спремна да полета. Кога заканата доаѓала од назад, мувата ги поместувала средните нозе наназад и се спремала да полета нанапред.

Ова покажува како мозокот на мувата, има брза реакција на информациите од рецепторите и создава соодветна моторна реакција.

„Мувите знаат дали е потребно да направат мали или поголеми поместувања во положбата на телото, за да ја најдат најповолната позиција за полетување при закана“, вели професорот Мајкл Дикинсон, од Институтот за Технологија во Калифорнија.

Многу битен фактор кој е од голема помош за летањето на мувите, се нивните очи, кои имаат видно поле од скоро 360 степени, што им овозможува истовремено да гледаат и од напред и од назад.

Тајната за успешно ловење на муви, е полека да се приближите до мувата, да го забележите нивниот најчест правец на летање, и кога ќе бидете на мала оддалеченост да замавнете со она што ви се нашло при рака.

Затоа според истражувачите, совет за успешно убивање на муви е да не замавнувате веднаш кога ќе забележите дека мувата е спремна да полета. Исто така, мувите немаат способност да регистрираат бавни движења, така што гледајте колку што можете повеќе да се прикрадете пред да го направите ударот.



Наjновo од Футурама
Google Instant - Револуција во интернет пребарувањето?
Пристига читачот на мисли
3Д лаптоп од Sony
Обновливи соларни ќелии
IE паѓа, Chrome расте
Памела в кревет со Nokia N8
Samsung претстави таблет компјутер сличен на iPad
Вистинското лице на Шекспир
Негативните мисли позитивно се одразуваат врз луѓето
Дваесет и седум вистина за спиењето - Прв Дел
Езеро во Аргентина ја крие тајната на животот во вселената?
Пи на пет трилиони децимали?!
Во Ерусалим ископан украс стар 2.000 години
Нови фотографии на потонатиот „Титаник“
Диносаурусите изумреле од метеорити
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи