среда, 10.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

ЦЕРН почна со експериментот на симулација на „Големата експлозија“

Женева, 10 септември (МИА) - Симулацијата на Големата експлозија, експеримент кој треба да даде одговори за постанокот на вселената и нејзината иднина, успешно почна во Женева.


И покрај стравувањата, Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) тврди дека нема опасност за судбината на Земјата. Експериментот почна и покрај „незначителните електрични проблеми“ за кои во Организацијата не сакаа да зборуваат.

 Научниците очекуваат експериментот да трае од 15 до 20 години, а максималната проектирана енергија ќе биде достигната во 2010 година.

Цел на експериментот е симулација на Големата експлозија во услови слични на оние кои постоеле во милијардитиот дел од секундата по постанокот на вселената.

Експериментот ќе биде изведен во аксцелератор на честички, наречен Голем хадронски колајдер (ЛХЦ) - тунел долг 27 километри, чија изградба чинеше 9,5 милијарди долари. Според научниците, за време на експериментот апаратот за разбивање на атомите буквално ќе стане временска машина која треба да им овозмжи да откријат како се создала вселената и што се случувало веднаш по Големата експлозија, пред отприлика 14 милијарди години.

Во моментот кога ќе создадат услови, по „Големата експлозија“, се очекува да се појават бараните и претпоставени честички кои создаваат материја и нова димензија.

Научниците веруваат дека при тоа ќе бидат создадени многу мали црни дупки, мали верзии на „чудовишта“ во далечната вселена кои ја впиваат целата материја околу себе, па дури и светлината, која иако патува со најголема воопшто можна брзина не може да им побегне.

Во експериментот, честичките на атомите треба да бидат насочени во спротивни правци од нивните вистински патеки низ 27-километарската подземна машина. Честичките ќе патуваат толку брзо што секоја секунда ќе ја минуваат целата должина 11.245 пати. Како краен резултат, научниците очекуваат дека ќе откријат фундаментален дел на атомот, кој се нарекува Хигсов бозон или „Божја честичка“, за кој се смета дека постои, но никогаш научно не е докажан.

Меѓутоа дел од научниците сметаат дека овој експеримент е опасен, бидејќи навлегува во целосно непознато подрачје со кој би можело да се загрози безбедноста на целата планета. Според нив, никој не може 100 проценти да гарантира на кој начин ќе исчезнат црните дупки, кои може постепено да растат до големина која би можела да ја проголта целата Земја.

Угледниот нуклеарен физичар Стивен Хокинг пак смета дека експериметот нема да ја оствари својата цел, нагласувајќи дека тој не претставува никаква опасност.

Според него, шансите да се создадат црни дупки се помали од еден отсто. Тој дури изјави дека се обложува во 100 британски фунти оти со експериметот на ЦЕРН нема да биде добиен Хигсовиот бозон.

Професорот Ото Рошлер, кој е противник на експеримтот, пред Европскиот суд за човекови права покрена тужба против 20-те земји кои го финансираат овој проект.


Наjновo од Футурама
ЦЕРН почна со експериментот на симулација на „Големата експлозија“
“Хитачи“ ќе произведе хард диск од 5 терабајти
Apple го претстави најтенкиот iPod
ЦЕРН денеска ќе создава црни дупки
Направени најблиски снимки на црната дупка
Гигантски полжав кој прави бисери
Пораст од 2 метри на морското ниво до 2100
Етиопија го дочека обелискот од Аксум
Шест дена до крај на светот?!
Ген може да предизвика проблем во брачните односи
15 факти за антички Египет
Се топи мразот на Хималаите
За прв пат во историјата Северниот пол стана остров
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи