недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Футурама / Наука

Најважниот научен експеримент во човечката историја

Научниците во Центарот во Женева концентрирано го следат почетокот на експериментот
Научниците од Европскиот центар за атомска физика во Женева го пуштија за прв пат во употреба огромниот акцелератор на протони, од кој светската наука очекува фундаментални сознанија за создавањето на целиот космос.

Пуштањето во погон на огромната постројка сместена 100 метри под површина на земјата мина совршено, изјави претпладнево шефот на проектот Лин Еванс во контролниот центар кај Женева. „Ова е фантастичен миг, бидејќи зачекоруваме во нова ера што се однесува до нашата способност да ги разбереме почетокот и развојот на универзумот“ – појасни Еванс.

Подготовките траеја четврт век

Неговото одушевување е разбирливо ако се знае дека подготовките за овој голем миг во историјата на човештвото траеа цели 25 години. Во каналот со силно магнетско поле долг цели 27 километри утринава научниците пуштија прв млаз протони, кои по околу еден час успешно ја минаа целата траса. Во подоцнежната фаза на експериментот научниците планираат да предизвикаат судар на два млаза атомски јадра, кои ќе ги забрзаат блиску до брзината на светлината. Со тоа би требало да се создаде мала огнена топка, во која ќе се развие топлина милијарда пати повисока од онаа во центарот на Сонцето. Физичарите очекуваат дека од неа ќе се создадат уште помали честички, кои би требало да бидат градежните елементи на нашата материја. Значи, тие се обидуваат да симулираат еден вид „биг бенг“ односно пра-експлозија, за која претпоставуваат дека се случила пред околу 13 милијарди години, на почетокот на создавањето на видливиот универзум.

„Веројатно со нашите експерименти нема никогаш да стигнеме до биг-бенгот, но се надеваме ќе му пријдеме многу блиску. И исто така се надеваме дека на тој начин ќе добиеме фундаментални научни сознанија, кои ќе ни ги појаснат не само законитостите на атомската физика, туку и начинот на кој бил создаден универзумот“ – објаснува Зигфрид Бетке, атомски физичар од германскиот Институт Макс Планк.

Тајната на „црните дупки“

Тој и неговите колеги од 35 земји се надеваат дека на тој начин ќе можат да добијат и експериментална потврда за владеачките научни теории на полето на атомската физика. Особено големи надежи тие вложуваат во можноста да ја разоткријат и тајната на т.н. темна материја, од која се состои 95% од целиот космос. Физичарите нејзе за сега ја препознаваат само поради нејзината гравитација, но не можат да ја истражуваат.

Денеска водечки научници на Европскиот центар за атомска физика уште еднаш категорично им се спротиставија на теориите дека од нивниот експеримент би можела да биде создадена и анти-материја, односно т.н. црна дупка во универзумот, која е во состојба да ја голта материјата и на тој начин да ја уништи Земјината топка.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
На Балканот му се закануваат разорни земјотреси и силно цунами
Откриен мавзолејот на царот Ирод
Несреќните луѓе почесто гледаат телевизија
Кога умот ја контролира болката
Религијата како прибежиште за секој човек
Збогум на белите влакна
Дијаманти од текила
Ген одговорен за зависноста од кокаин
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи