четврток, 11.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Се продава бокал од камен кристал стар илјада години

Изгравиран бокал од камен кристал стар илјада години, еден од седумте постоечки примероци, ќе биде понуден на аукција на продажбата на исламска уметност во "Кристи" следниот месец, и се очекува да достигне цена од над 3 милиони фунти (5,3 милиони долари).

Аукционерската куќа објави дека бокалот бил изработен за дворот на династијата Фатимиди во Каиро во доцниот 10 или раниот 11 век, и била е украсена со златни додатоци изработени во 1854 од француски златар.

Бокалот е истиот што се појави на аукција во Британија во јануари оваа година и достигна цена од 220 илјади фунти (387 илјади долари), односно повеќе од илјада пати над претпродажната проценка.

Тогаш била внесена во каталог како француски бокал од 19 век и беше проценет на 100 до 200 фунти (176 до 352 долари), но стручњаци велат дека тоа е многу редок бокал од династијата Фатимиди којашто владеела во делови на северна Африка и Блискиот Исток во 10 до 12 век.

Извори на аукциската куќа изјавија дека јануарската продажба била поништена, но не даде повеќе детали.

Бокалот е изработен од едно парче камен кристал кој бил рачно издлабен и изгравиран и украсен со цртежи на гепарди и украсни ланци.

Од "Кристи" велат дека до средината на 11 век државата на Фатимидите толку многу осиромашила што работите во Кралската ризница морале да бидат продадени, а меѓу нив и бокалите.


Наjновo од Футурама
Се продава бокал од камен кристал стар илјада години
Новото лице на Facebook
Најважниот научен експеримент во човечката историја
ЦЕРН почна со експериментот на симулација на „Големата експлозија“
“Хитачи“ ќе произведе хард диск од 5 терабајти
Apple го претстави најтенкиот iPod
ЦЕРН денеска ќе создава црни дупки
Гигантски полжав кој прави бисери
Пораст од 2 метри на морското ниво до 2100
Етиопија го дочека обелискот од Аксум
Шест дена до крај на светот?!
Ген може да предизвика проблем во брачните односи
15 факти за антички Египет
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи