Мозокот ги слуша зборовите пред да бидат изговорени
Мозокот автоматски може да ги препознае зборовите и нивното значење, пред да се изговорат.
Претходните теории велеа дека слушателите можат да ги препознаат првите пет слогови од зборовите. Ова ги опфаќа сите зборови кои започнуваат со две, три или повеќе букви кои се исти како на пример во куќа, кула или кука.
Но до сега не беше познато за научниците, како мозокот успева да направи разлика меѓу значењата на зборовите кои почнуваат исто. Тие со помош на MRI скенер, открија во кој дел од секундата настанува разделувањето на информацијата во мозокот.
Истражувањето беше фокусирано на мал дел од мозокот наречен V5, кој се активира кога личноста гледа движење. За цели на истражувањето, тимот измисли нов јазик со различни зборови кои покажуваат движење или асоцираат на слика.
 Се воочило дека мозокот реагира на различните движења и успева да направи разлика меѓу слика и активност. На истиот принцип работи и за обичните зборови, каде во зависност од контекстот на реченицата и она што сака да се каже, ги разликува и ги слуша зборовите, уште пред да бидат изговорени.
|