петок, 19.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Црквата одбива да му се извини на Дарвин

Ватикан, 17 септември (МИА) - Министерот за култура на Ватикан, надбискупот Џанфранко Раваси изјави дека Католичката црква нема намера постхумно да му се извини на британскиот научник Чарлс Дарвин поради начинот на кој реагирала на неговата теорија на еволуцијата пред 150 години.

Изјавата на Раваси претставува реакција на апелот на неколкумина свештеници на Англиканската црква кои побараа Католичката црква да му се извини на познатиот научник.

- Можеби би требало да престанеме да се извинуваме и да се однесуваме кон историјата како да е суд во постојано заседание, изјави Раваси, додавајќи дека за разлика од многу протестантски цркви, Католичката црква никогаш не ја осудила теоријата на Дарвин, ниту пак ги забранила неговите дела.

Тој потсети дека во 1950 година папата Пиј Дванаесетти оценил дека еволуцијата е валиден научен пристап за настанокот на човештвото, што во 1996 година го потврдил и Јован Павле Втори.

Раваси најави дека во март идната година во Рим ќе биде одржана конференција по повод 150-годишнината од објавувањето на книгата на Дарвин „Потеклото на видовите“, која се смета за основа на теоријата на еволуција.

Според Раваси, на конференцијата се поканети научници, теолози и филозофи од разни делови на светот и таа ќе биде можност да се расправа за прашањата поврзани со еволуцијата, но и за односите меѓу религијата и науката.

Христијанските цркви ја оспоруваат Дарвионовата теорија од причина што таа е во спротивност со Библијата по која Господ го создал светот за седум дена.


Наjновo од Футурама
Хеликоптер лета сам
Откриени мравки стари 120 милиони години
Црквата одбива да му се извини на Дарвин
НАСА се подготвува за истражување на атмосферата на Марс
Свињи владееле со светот
Пронајдена флуоресцентна црвена риба
ТВ во соба го „краде“ сонот
Во потрага по генетскиот код на компирот
Мозокот ги слуша зборовите пред да бидат изговорени
Прегратката делува подобро од лек
Откриена некропола во родното место на Александар Македонски
Материја која спречува загадување од нафта
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи