
|
 |
Футурама / Наука
|
|
Свињи владееле со светот
Научниците на Универзитетот во Лидс откриле дека пред 260 милиони години со светот владееле листросауруси, суштества кои личеле на свињите.
„Времето на свињите“, како што го нарекле, траело речиси милион години, во времето кога листросаурусите биле една од ретките видови кои ја преживеале големата катаклизма.
Околу 95 отсто од видовите исчезнале во серијата вулкански ерупции, така што на планетата започнало вистинско „златно време“ за свињите. Тие живееле во свет во кој имало премногу различни растенија и ниту еден предатор.
- Можеме само да шпекулираме за тоа како листросаурусите преживеале, додека сите останти исчезнале. Можеби нивната способност да се вкопуваат и хибернираат ги спасила во најлошите периоди, изјави професорот Пол Вигнал.
Тој истакна дека овие суштества биле неколку милијарди, а нивните фосили се наоѓале насекаде, додавајќи дека листросаурусите биле големи речиси како и денешните свињи и имале њушки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|